|
10 ДЕЛ 11 ДЕЛ 12 ДЕЛ
МАКЕДОНИЈА ОД 1941 ДО 1990 година
МАКЕДОНИЈА -
ЦЕНТРАЛНИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
(ВАРДАРСКИОТ
ДЕЛ ОД
МАКЕДОНИЈА )
Наредбата за окупацијаод страна на бугарските фашисти до нивната војска
Бомбардирање на Скопје 1943
На 19 април 1941 г. при навлегувањето на бугарските единици во Струмица,....
Германски единици нацистичко - окупаторски кај Велес, таму близу направиле воена база, Генералштаб на единиците на војските на Југ
Бугарска и германска армија во Македонија
Бугарска армија во Македонија и соработници
Hа територијата на Македонија при крајот на април и во текот на мај 1944 година и претходеа на нова непријателска офанзива позната како седма која германските војски ја превземаат на територијата на тогашна Југославија.
Злосторства на бугарската окупаторска армија и полиција врз населението во Централна Македонија
Тортура врз заробениците од страна на германските и бугарските окупатори во Прилеп 1941
Сликата е од есхумацијата на 16 масакрирани жители на Азот во Богомила на 17.10.1942 од страна на бугарскиот фашистички окупатор.
Во средината на фотографијата доминираат три жени кои ги држат во рацете главите на своите најблиски.
- Смената на Шарло Шаторов !
Причина за смената на Шарло Шаторов ( евидентно местенка, Шарло Шаторов секогаш се декралирал како Македонец, нема никакви докази дка соработувал со бугарите, омразата кон колоностите е природна):
''''
- Наметнувањето на Лазар Колишевски на чело на комунистичката партија
Другарот Лазо, во своите мемоари, неретко се осврнува на драматичните југословенски збeднувања во 1941 г., на самиот старт на Втората светска војна. Во книгата Аспекти на македонското прашање, издадена 1988 г., тој опишува како и кој го смислува планот за операцијата "свилен гајтан за Шарло акробатот" (акробат во преносна смисла, бидејќи Шаторов, по разгромот на Југославија во април 1941 г., по наредба на СССР, ја поврзува КПМ со бугарската партија, не можејќи веќе да одржува врски со окупираниот Белград). Колишевски (тогаш Колишевиќ) веќе долги години се наоѓа во Србија, каде што работи како металоглодач. Лазо раскажува:
"Кратко време потоа, отидов во Крагуевац на работа во Окружниот комитет на КПЈ, а во почетокот на мај ми беше соопштено да тргнам на партиска работа во Ниш. Меѓутоа, неколку дена подоцна, бев повикан во Белград, каде што другарот Александар Ранковиќ ми ја соопшти одлуката за моето одење на работа во Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Тој исто така ми соопшти дека за член на ПК КПЈ за Македонија е испратена една другарка која работеше во Ниш и која беше член на Окружниот комитет. Таа беше Мара Нацева. Ми ја изложи ситуацијата во Македонија колку што му беше и нему позната во врска со ставовите на тогашниот секретар на ПК КПЈ, Шаторов Шарло. Ранковиќ инсистираше, доколку ситуацијата на ПК ќе биде поволна, да ја преземам функцијата на воената комисија".
Две работи се круцијални во ова искажување: прво - Колишевски е човек од највисока доверба на Александар Ранковиќ, шефот на сите тајни служби во Титова Југославија, творецот на ОЗНА (Одделение за заштита на народот) и долгогодишен челник на УДБ (Управа за државна безбедност); и второ - Ранковиќ, Србин по националност, инсистира Лазо да ја преземе воената комисија во КПМ бидејќи во тие воени комисии била најдобро инфилтрирана мистериозната српска националистичко-милитаристичка организација "Црна рука", од која после Војната ќе израсне злогласниот КОС (Контраобавештајна служба на ЈНА).
Блискоста на Колишевски со Ранковиќ е затоа што Колишевски го организира и изведува сапасувањето на Ранковиќ кој во 1941 година бил заробен од страна на германскиот Гестапо.
При обид за дигање на востание Лазар Колишевски бил уапсен во Прилеп и осуден на смрт 1941 во Скопје, молбата на Лазар до бугаркиот цар за милост:
Cе пишал Лазо бугарин за да избегне смртна казна, а војната ја ''одлежал'' во логор во Бугарија, се до 1944 година, значи не учествувал во ниедна борбена операција, ниту во АСНОМ. Бугарите денес го користат какo опропаганден материјал, но бугари, како тоа ''бугарин'' да дига востание против ''мајка ви
Бугарија''.
- Несогласувања околу Фебруарскиот поход
Kонтроверзни информации
Февруарски поход е поход на Народноослободителната војска на Македонија, која во февруари 1944 година извршила оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија.
Методија Андонов Ченто,Темпо и Михајло Апостолски во село Кастaнери, Егејски дел на Македонија во декември 1943 година
Во втората половина на декември 1943 година и во јануари 1944 година во Мегленско, Егејска Македонија, јужно од Кожуф, се наоѓала главнината на македонската војска со партиското и военото раководство. По формирањето на Втората македонска бригада на 20 декември 1943 година во селото Фуштани, Главниот штаб на НОВ и ПОМ формирал три борбени групи од воените единици што биле таму и им дал задача да тргнат во напад на окупаторските сили во Тиквешко, Гевгелиско и во Мариовско.
Дел од македонските партизани кои во мај 1944 година во знак на протест се издвоиле од ЕЛАС и формирале македонски одред во Костурско
Борбените активности ги предизвикале германските и бугарските окупатори да преземат две офанзивни дејства против партизанските сили во Мегленско, кое го користеле како своја оперативна база. Во Првата офанзива, што траела од 4 до 8 јануари 1944 година, учествувале само германските војници од Солун и Воден, а во Втората офанзива, покрај германски, учествувале и бугарски единици од 17 дивизија во Штип, и траеле од 16 до 20 јануари 1944 година.
По завршувањето на овие офанзиви во кои партизанските сили биле победници, Главниот штаб оценил дека се создадени услови воените операции на македонските сили од Мегленско да се насочат кон централна, западна и источна Македонија. За таа цел, Главниот штаб го направил следниот план:
Првата борбена група, која ја сочинувала Првата македонско-косовска бригада, требало изутрината на 31 јануари 1944 година од селото Бахово да тргне преку Мариово, Азот и Порече кон западна Македонија.
Втората борбена група, која ја сочинувала Втората македонска бригада, требало изутрината на 31 јануари 1944 година да тргне од селото Зборско во борбени акции во реонот на Тиквешко и Гевгелиско, со задача на себе да привлече што повеќе непријателска војска за да им го олесни пробивањето на Првата и на Втората борбена група.
Третата борбена група, наречена Тичова група, што ја сочинувале еден македонски баталјон заедно со Главниот штаб требало да тргне истиот ден, од селото Зборско преку Беласица, Плачковица и Осогово да дојде до Кумановско. Откако ја преминала реката Вардар во близина на Солун, оваа група по десетина дена пристигнала во Источна Македонија.
Така започнале борбени операции од пошироки размери на Македонската партизанска војска познати како Февруарски поход. Успешното изведување на Февруарскиот поход имало големо политичко и воено значење за развитокот на НОВ во Македонија воопшто.
На слободните територии од партизанските единици, 1944 година: културно уметничка приредба.
По Пролетната офанзива 1944 година биле создадени покрупни слободни територии и се создале можности за свикување на Првото заседание на АСНОМ.
АСНОМ -МАНИФЕСТОТ:
-АСНОМ, ОДЛУКИТЕ:
Во пролетта на 1944 година, германската армиската група „Е“ со околу 400.000 војници, под командата на маршалот Лер, беше распоредена за одбрана на островите и брегот на Грција и Албанија. Меѓутоа, патните врски на оваа армиска група со Германија, беа постојано прекинувани поради делувањето на единиците на народноослободителните војски и го загрозуваа опстанокот на армиската група „Е“ во Грција и Албанија. Од друга страна, успесите на Црвената армија во Романија, како и очекувањето таа да се пробие во Подунавјето, го доведе во прашпање извлекувањето на армискага група „Е“ од Грција и Албанија.
Со цел да обезбедат контрола врз главните комуникации, германските и бугарските окупатори презедоа офанзива и на територијата на Македонија. Во исто време во кординација со единиците на Народноослободителната војска и Партизанските одреди на Југославија НОВ и ПОЈ, Главниот штаб на Македонија изврши подготовки за офанзива за завладување со западна Македонија, каде што е упатена Првата македонско-косовска ударна бригада.
Средба бугариски и италијански окупатори
Во оваа офанзива во Македонија и Поморавјето, која траеше од 25 април до 19 јуни 1944 година, окупаторите ја ангажираа Петтата бугарска армија, а беа доведени и единици од Бугарија, потоа четничките единици во реонот на Власотинци - Лесковац, грчките реакционерни формации „Пауџии“ и „Зервасовци“, германскиот гарнизон од Кукуш и др. во вкупна јачнна од околу пет дивизии. На територијата на западна Македонија и во Повардарјето беа ангажирани бугарски, германски и балистички единици во јачина од околу две дивизии. Германската офанзива во западна Македонија беше поврзана со офанзивните дејствија кои се спроведуваа во југоисточните делови на Албанија.
Oслободување на Тетово
Борци на Егејската бригада во Битола пред Офицерскиот дом. 1944 година.
Илија Талев од с. Кономлади, костурско, Доне Карафиловски од с. Поздивишта, костурско и Сотир Јучов од с. Кономлади, костурско
Борци од Егејска Македонија зедоа учество во ослободување на Република Македонија
Во западна Макелонија Првата бригада, пробивајќи се кон Дебарца, имаше неколку поголемн судири со бугарските и германските окупаторски единици (с. Завој, с. Велмеј и други места). По ова Германците прибираат нови сили, особено балистички, и на 8 мај 1944 година преземаат офанзивни акции против Првата македонско-косовска ударна бригада, кои траат се` до 15 јуни. Во овие борби Германците и балистите беа принудени да се повлечат во своиге гарнизони (20 јуни 1944 г.). Првата македонско-косовска удариа бригада повторно стана господар на просторот меѓу Охрид, Струга, Дебар и Кичево.
Oслободување на Кичево
Во Известувањето бр. 10 на Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија од јуни 1944 година (не е датирано), за борбите водени на територијата меѓу Струга-Кичево, Дебар и Гостивар, во периодот од 12 мај до 16 јуни, меѓу другото се вели:
„Македонци и Македонки, Албанци и Албанки!
Нашата храбра војска со чест ја исполнује својата света задача. Секаде каде што гази бербатната фашиска чизма таја води безмилосна борба за избркуење на окупаторот и неговото потполно уништуење.
Во големата Германо-Балистичка офанзива на нашите снаги во Дебарца, непријателот претрпе големи загуби во луѓе и материјали. Бесни заради својот неуспех, Германците го искалија својето дивљаштво над мирното населеније... Гледајќи ја невино проливената крф, гледајќи го пламенот кој како ламја ги голташе до фчера убавите села, гледајќи како се пљачка стоката и имотите на нашите селани, кај сите нас, кај вашите борци и кај целиот народ, се створи уште поцврста решеност да водиме борба до крај и да се осветиме, скапо ќе се осветиме... Нашите снаги пошто се повлекоја, без никакви загуби от Дебарца, се префрлија на други терен каде со еднаква жестина поведоја борба против германо балистичките банди.
13 мај: Единиците на македонските батаљони се сретнаја со една балистичка колона на џадето Кичево-Дебар. После кусата борба непријателот панично се разбега во правецот на Дебар.
14 мај: Истите единици го блокираја селото Лазаро Поле пошто ги уапсија сејмените (Чувари на селата, луѓе на албанските бајрактари, кои во мнозинство беа соработници на окупаторот). Околу 3 сатот по ручек една непријателска балистичка колона идејки от Гари, нападна на нашите позицији пред селото. Нашите снаги који на време го приметија непријателот од заседи отворија силен оган от сите машински оражја и после борба от 2 сата потполно го разбија непријателот, кој се разбега накај Гари. На бојиштето беја избројани 15 балистички трупој. Ние имавме само еден лесно ранет (Во оваа борба балистите имаа 38 мртви и 16 заробени).
16 мај: Македонските батаљони го блокираја селото Галичник, каде што непријателот очекувајќи напад имаше сконцентрирано извесни свој снаги и околу селото, денонокно држеше заседи. Нашите ударници који пред осонуење нападнаја на селото, со рачни бомби и шмајзери бргу разбија околу 70 балисти. Подолга борба се водеше околу како бункер утврдената жандармеријска станица. Отпорот на утврдените џандари беше скршен и тија се предадоја. Непријателот имаше доста мртви и даде 18 заробени. Заробените беја мобилисани со сила не дадоа отпор и затоа беа ослободени и пуштени дома. Ние имафме еден мртов (Балистите имаа 18 мртви и 4 заробени).
17 мај: Тој ден македонските батаљони беа во село Росоки на еден сат далеку от Галичник. После ручек, токму кога се одржаваше приредба пред селаните и пред војската, непријателот во јачина от 120 до 150 луѓе нападна на нашите претстражи. Претстражите ја примија борбата и непријателот после еден сат борба се повлече пошто претрпи осетни загуби.
18 мај: Македонските батаљони беа влезени восело Гари каде беа дочекани со голема радост от населението. Но непријагелот кој имаше на тој терен сконцентрисано големи снаги, нападна на нашите единици околу 7 сатот сабаиле со снага от преку 300 луѓе. Се разви љута борба која траеше све до 12 сатот. Во оваа борба бесните балистички дивљаци многу арно го осетија смртоносното дејство на нашето машинско оражје. Јуришајки преку отворен терен тије беа добар нишан на нашите борци. Овде непријателот претрпи големи загуби. Ние имафме само 1 мртов.
24 мај: Македонските единици се удрија на планината Бистра, со една колона от преку 400 балисти наоружани со тешки митрољези и минофрлачи. Во борбата која траеше осум сати непријателот даде доста жртви.
1 јуни: Многу големи непријателски снаги, составени от Германци и балистички банди предводени от неколку дебарски и струшки бајрактари (Уке Цам, Али Малиќи, Азис Каљоши, Беќир Баута и други), превзедоја голема офанзива против нашите снаги на теренот Малесија, со цел да ги опколат и уништат нашите снаги. Главните напади се вршеја от кај Струга и Дебар. По сите патишта беја поставени заседи, а Бугарите е затворија границата и ги појачаја своите снаги. Германците имаја искомбинирано голем план за да ги поништат нашите единици, но се тоа им отиде на ветор.
Околу 7 сатот пред ручек беја нападнати македонските батаљони кај Локоф, а исто и положајите на косоварските батаљони кај село Збажди. Борбата траеше цел ден. На секторот кај Збажди непријателот беше приморан на повлекујење. Околу ручек заради специјални задачи поголем дел од македонските снаги заминаја на друга страна оставуејки во Локов една мала единица. Непријателот кој го примети тоа уште во првиот мрак со голема снага која беше неколку пати поголема од нашата, нападна на селото. Шес сати се водеше жестока борба пред селото и во самото село. Непријателот употреби минофрлачи, тешки митролези и ракетли. Пошто му зададоја на непријателот доста жртви, нашите снаги без никакви кубитци, во ред се повлекоја на кај селото Ржано које е на пол сат далеку од Локов.
2 јуни: Борбата се настави прес целиот ден. На секторот кај Збажди околу 4 сатот по ручек косоварските единици превзедоа напад од неколку страни. Еден батаљон извршуејки успешен маневар го нападна непријателот в плешти. Стегнат здраво во нашиот смртоносен обрач, непријателот беше бргу разбијен на целиот фронт и пошто претрпе сериозни загуби панично се разбега на кај Струга. Заробен беше командантот на тој сектор, 1 германски офицер, а беше отепан и злогласниот балистички мајор от Струга Бекир Ага... Кај Ржано нашите единици през целиот ден водеа жестока борба со непријателот кој покрај тешки митрољези употребуеше и минофрлачи.
3 јуни: Се настави борбата која през целиот ден со еднаква жестина се водеше на секторот меѓу Локов и Ржано. Позициите кај Локов каде беја големите непријателски снаги јако утврдени, доминираат над целата Малесија. От тие причини беше одлучено нашите снаги да извршат јуриш да го завземат Локов и да ликвидират со непријателската офанзива.
4 јуни: Во самата зора, по предвидениот план македонските батаљони вешто маневрирајки ги опколија и ги стегнаја в клешти непријателските снаги на положаите кај Локов. Во огорчената борба која траеше 5 сати непријателот беше потполно разбиен. Нашите борци јуришајки на германските митрољези и минофрлачи покажаја едина величанствена храброст и јунаштво. Избијени сет 20 Германци меѓу кои и командантот, и 30 балисти. Заробени сет два тешки минофрлача, 3 пушкомитрољези, околу 20 пушки, 1 германски шмајзер, 4 сандаци со муниција, 6 коњи, 2 сандаци за ракетли и 1 пиштољ за рекетли, бомби, ранци, кебиња и др...
Во четиридневните жестоки борби кај Локов нашите борци однесоа голема победа и потполно е разбија непријателската офанзива. Во сите овие борби ние имафме само еден мртов другар.
9 јуни: Косоварските батаљони који беја заминати накај Лазарополе пред самото село се удрија со една колона от 400 балисти предводени от злогласниот Џемо (Џемаил Хасани). На непријателот који беше изненадно нападнат, от сите страни се истури смртоносниот оган на нашите оражја. Џемовските бандити претрпеја сериозни загуби во ова борба.
14 јуни: Околу 40 Германци наидоја на една заседа на косоварските батаљони који логороваја. Непријателот беше изненадно нападнат и разбиен. Запленет е еден сандак со муниција.
15 јуни: Германците организираја потера и со поголеми своји снаги помешани со балисти тргнаја право накај логорот на Косоварите. Во самото разденуење, пошто приметија оган во логорот, почнаја да вршат опколуење. Но косоварските батаљони уште пред това го напуштија логорот, изненадно сачекаја непријателот и в плешти го нападнаја. Во жестоката борба која траеше неколку сати непријателот беше потполно разбијен и остаи на бојното поле 3 мртви... “
Во двомесечните борби во Пролетната офанзива, единиците на македонската народносолободителна војска, покрај вонредните физички и психички напори, претрпеа и загуби (ранети и убиени). Меѓутоа, окупаторот имаше неколкупати поголеми жртви. Во западна Македонија беа убиени 672 и заробени 76 непријателски војници, а запленето е и големо количество воена опрема. По завршувањето на пролетната офанзива, Македонија практично претставуваше слободна територија, освен реонот на Г. и Д. Полог. Окупаторите се повлекоа во своите гарнизони во поголемите градови.
(извор: „Документи од борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава“, том втори, Скопје, 1981, стр. 515 – 518 / АМ. - Ф. НОБ, К. 87, арх. бр. 1629.; „Историја на македонскиот народ“, Скопје, 1988, стр. -354 - 356)
Еве што запишал Ефтим Гашев во неговата книга НАШАТА КАУЗА за собитијата врзани за настаните од Калето 1945 година:
Под налетот на суровите методи во реализацијата на идеолошкото сценарио се најдоа вистинските и измислените соработници на окупаторот, предавниците на националната чест, воените чорбаџии, трговците-шпекуланти и сите што и најмалку не се согласуваа со народната демократија. Во категоријата на класните непријатели, како најопасни се третираа политичките противници на режимот, првенствено оние кои решението на македонското прашање го гледаа надвор од авнојска Југославија. Полициско-политичкиот режим спроведуваше државен терор во цела Македонија, а партиската полиција ОЗН-а беше присутна на секој чекор, па дури и во сите поголеми фамилии, а масовните апсења и монтираните судски процеси беа секојдневна лакрдија. Лакрдија која невините чесните луѓе ги испраќаше на долгогодишна робија со тешка присилна работа, додека, пак, бројот на стреланите постојано се зголемуваше. Со револуционерните судски пресуди изречени од партискиот врв на најхуманото општество, преку демагошкото народно судство, со полуграмотни и неморални судии, се разграбуваше приватната сопственост на таканаречениот класен и народен непријател. Со ова искажување авторот не си зема право да ги амнестира вистинските соработници на окупаторот, но таквата соработка требаше да се констатира со факти и со докази, а за третманот на иследувањето и за височината на казните може правно и субјективно да се полемизира. Како инаку да се објаснат и да се оправдаат масовните стрелања на македонски граѓани, без извршни судски пресуди, во Велес, Куманово, Ресен...?! Пролетерите-победници мошне брзо сакаа да си го компензираат и наплатат своето учество во НОБ, одбирајќи ги најубавите куќи на осудените и на ликвидираните граѓани, па дури почнаа да им се бендисуваат и буржоаските ќерки, предлагајќи им љубов, па дури и брак. Со ослободувањето на Македонија, уште во ноември-декември 1944 година, се објави општа мобилизација и се создаде многуилјадната македонска војска. Па, бидејќи, татковината (Југославија) се уште не беше ослободена, македонскиот војник во духот на југословенската солидарност требаше да војува и да гине на Сремскиот фронт.
Од пишаното не се бега!
На 15. македонски корпус му се падна таа зла судба, па 25.000 Македонци се подготвуваа за овој крвав поход. Македонската војска почна да се обезличува, губејќи го својот национален идентитет. На командните позиции, од Врховниот штаб на Југославија, беа назначувани српски и црногорски команданти. За началник на Главниот штаб на Македонија беше поставен генералот Павле Илиќ, за началник на 41. дивизија е назначен Ѓорѓе Шарановиќ, а на 48. дивизија, Вуко Турковиќ. За командант на 42. дивизија именуван е Миливое Гроздановиќ, политкомесар на 51. дивизија назначен е Јован Ѓуровиќ, а заменик командант, Никола Радошевиќ. За началник на штабот на Кумановската дивизија именуван е Драгутин Филиповиќ, а за начелник на штабот на Корпусот, Живоин Росиќ. Местото командант на 15. македонскиот корпус беше резервирано за Петар Брајовиќ-Ѓуро итн. Појавата за обезглавување на македонската војска добива масовни размери. Во јануари 1945 година во македонските воени единици се поставуваат неколку стотици српски офицери. Овој преседан ја преполни чашата и не остана без соодветна реакција, бидејќи македонскиот народ, раководен од револуционерниот дух на своето историско минато, и на оваа агресија и рече: НЕ! Така, кога на 7 јануари 1945 год. во Офицерскиот дом во Скопје се одржуваше Вториот конгрес на македонските консомолци и кога титовите младинци еуфорично скандираа: „Тито-Сталин-Лазо!“, истовремено на скопскиот плоштад, македонските артилерци скандираа:
„На Солун!, на Солун!“, „Не на Берлин, не на Срем!“. Овој патриотски бунт беше задушен со оружје и со крв. Солидарност со бунтовниците од Македонската артилериска бригада изразија и војниците од штипската касарна, која беше исто така наплатена со војнички животи. Овие крвави настани, арогантниот македонски губернатор Светозар Вукмановиќ-Темпо, вака ги одбележа во своите мемоари: „...обраќајќи им се (се мисли на побунетите војници од штипската касарна, дојдени со македонскиот одред од Бугарија, з.м.) со кус и остер говор реков:
„ За сето време на војната вие бевте во Бугарија. Пушка не пукнавте против окупаторот! Сега наеднаш станавте Македонци, па на сиот глас викате како сакате да се борите за слободата на Македонија и поради тоа не сакате да се борите на Сремскиот фронт. Јас ви велам, вие не сте никакви Македонци! Јас сум поголем Македонец од вас...“.
Каков срам и омаловажување!
Недела
претпладне, 7
јануари 1945
година -
Божиќ. Во
Офицерскиот
дом на
плоштадот во
Скопје се
одржува
Вториот
конгрес на
Народната
младина на
Македонија
на чело со
Крсте
Црвенковски.
Свечена, а
како што
милуваа
комунистите
да кажат,
истовремено
и работна
атмосфера.
Многу
челници на
тогашна
Македонија
се во салата.
Меѓу нив и
генералот
Михајло
Апостолски,
началник на
Генералштабот.
Одеднаш,
влегува
аѓутантот на
Апостолски и
му шепнува
вознемирувачка
вест.
Стотици
војници,
вооружени,
се
симнувааат
од Калето и
преку
Камениот
мост доаѓаат
пред
Офицерскиот
дом.
Транспаренти,
извикувања,
мешаница,
изненадувачка
атмосфера
која на
политичката
елита во
Домот не и’ се
допаѓа.
Никој не
знае што се
случува и
зошто е сето
тоа.
Апостолски
излегува
надвор и не
му се верува
во тоа што го
гледа:
неговата
војска
излегла со
оружје, а тој
поим нема
што се
случува.
Така
започнал
бунтот на
војниците од
Калето во
јануари 1945
година. Тој
ќе
предизвика
една серија
настани која
ќе го
претвори
јануари 1945
година во
еден од
најкрвавите
месеци во
македонската
историја. По
бунтот на
Кале следи
тој во Штип,
па
стрелањето
на 53-та
велешани,
стрелањата
во Куманово
и Ресен, а
сето тоа
води кон не
баш славен
почеток на
новата
комунистичка
власт во
Македонија.
ПЕТТЕ МИНУСИ
НА
МАКЕДОНИЈА
Кон крајот
на 1944-та, додека
народот се
привикнува
на
југословенските
точки
наместо
бугарските
купони,
далеку од
неговите очи
се одвива
трескавична
битка меѓу
македонски
ориентираните
водачи на
НОВ,
предводени
од Методија
Андонов-Ченто
(тој во тоа
време ја
предводи
државата) и
експонентите
на
белградската
политика на
чие чело е
Лазар
Колишевски (тој
е на чело на
партијата).
Од
Македонија
немилосрдно
заминуваат т.н,
индустриски
култури -афионот,
сончогледот,
памукот и
тутунот.
Ченто и
неговите
истомисленици
се почесто и
погласно
прашуваат
кој ќе го
плати трудот
на
македонскиот
земјоделец
кој се движи
само во
правец кон
север. Се оди
нагоре, ама
ништо не се
враќа назад.
Додека Ченто
негодува,
праќа пораки
преку разни
говори за
кои се
расправа
дури и на
Политбирото
во Белград,
Лазо е
поинаков
човек - гледа
што се
случува, но
наместо да
негодува, ги
бележи
имињата на
тие што
негодуваат.
Неколку дена
пред Новата 1945
година, во
Скопје се
одржува
Второто
заседание на
АСНОМ,
означено и
како
вонредно, на
кое ‘великиот’
Јосип Броз
не доаѓа. Тоа
само по себе
веќе е
некаков знак
кој не е
добар. Го
испраќа
Словенецот
Едвард
Кардељ - Бевц.
Маѓепсан од
величината
на гостинот,
Колишевски
понизно го
слуша, а тој
пак, без
стеснување,
на
заминување
му соопштува
непријатни
работи. Се
ближи крајот
на војната,
му рекол
Кардељ на
Колишевски,
а со тоа се
ближи и
денот кога
ќе се
поднесуваат
сметки кој
колку сторил.
На сметката
на
Македонија
има пет
големи
минуси:
најдоцна
почнала со
востанието,
најудобно ја
минала
окупацијата,
имала
најмали
разурнувања,
имала
најмалку
жртви и
конечно, не
учествувала
во
ослободувањето
на
Југославија.
Лазо
избезумен го
прашува
Кардељ што
да се прави.
Овој
ладнокрвно
му вели: ‘Првите
три работи
не можете да
ги исправите,
но четвртата
и петтата
може да се
поправат.
Затоа ОЗНА
треба веднаш
да почне да
апси и
стрела, а вие
под итно да
испратите
голема
единица на
Сремскиот
фронт.’
Колишевски
го повикал
Апостолски,
и тогаш
почнуваат
интензивните
подготовки
на војската
стационирана
на скопското
Кале.
Формиран е 15-от
Корпус, а
војниците со
обука и
искуство од
герилска
војна, сега
се обидуваат
да се
подготват за
сремската
рамнина каде
германските
војски се
добро
закотвени.
Тоа, ним,
очигледно не
им се
допаднало.
12 СМРТНИ
КАЗНИ
Борис Поп
Ѓорчев, еден
од
најистакнатите
македонски
новинари,
кој неколку
децении се
обидува да
ги дознае
сите детали
за
случувањата
во јануари 1945-та
сврзани со
убиството на
неговиот
татко Богдан
(заедно со
други 52-ца од
затворот во
Велес на 15
јануари
истата
година),
деновиве
имаше
можност
интегрално
да ги
прочита
пресудите на
неколку
десетици
војници кои
учествувале
во бунтот од 7
јануари 1945-та.
‘Своевремено,
целата
документација
за овој
настан, но и
за бунтот во
Штип од 14
јануари била
пренесена во
Белград.
Оттаму е
сместена на
сигурно во
некои
босански
бункери, за
на крај,
пресудите да
завршат во
архивот на
поранешниот
Воен суд во
Сараево. Од
Сараево,
снимени на
микрофилм,
своевремено
ги донесе д-р
Растислав
Терзиоски и
ги предаде
на Архивот
на
Македонија’,
ја раскажува
Поп Ѓорчев
одисејата на
документите
во кои е
запишана
судбината на
многу луѓе,
учесници во
настаните од
1945 година.
-‘Македонија
ја дочекува 1945
година со
пораките на
Кардељ до
Колишевски
кои лебдат
во воздухот.
Исполнувањето
на тие
пораки
веројатно се
една од
причините за
бунтот. Кога
војниците го
исполниле
плоштадот
очигледно
никој не
знаел во што
сето тоа
може да се
изроди.
Тогаш
всушност
започнува
јануарската
драма во
Македонија
која потоа
ќе прерасне
во хистерија
и ќе зацрни
стотина
македонски
семејства’,
вели Поп
Ѓорчев.
За него,
интересен
показател е
содржината
на
транспарентите
со кои
војниците
дошле пред
Офицерскиот
дом: ‘Покрај
стандардните
пароли за
тоа време - ‘Да
живее Тито’, ‘Да
живее
Апостолски’
и на
јавноста
веќе
познатите
пароли ‘Не
сакаме на
Срем, сакаме
на Солун’ и ‘Не
на Берлин,
туку на
Солун’, во
пресудите е
запишано
дека имало и
пароли ‘Нејќеме
Срби да не
управуваат’.
Тоа, да бидам
искрен и
мене ме
изненади и
внесува нов
правец во
обидот да се
реконструира
настанот. На
плоштадот
полн со
вооружена
војска било
развиорено и
едно знаме
со бои чија
комбинација
во
македонската
историја
ретко се
сретнува:
црвена, црна
и бела’, ја
пренесува
Ѓорчев
соржината на
пресудите
против
војниците.
По
собирањето
на војниците
на плоштадот,
веднаш е
алармиран
Апостолски.
Тој
изглегува
пред нив,
успева да ги
смири и да ги
убеди да се
вратат назад.
Горе, на
Калето,
војниците го
оставаат
оружјето, а
потоа ОЗНА
почнува да
апси.
- ‘Така, за
кратко време
завршува тој
дел од
првиот и
единствен
вооружен
бунт на една
војска во
Втората
светска
војна. Тоа е
прв излив на
еден
своевиден
патриотизам,
кој некои го
сквернават
како
национализам,
обид за
обединување
на
Македонија.
Во
незавршена
војна,
македонската
војска сака
да војува за
Солун, а не за
целите што
ги
определило
партиското
раководство
под контрола
на Белград.
Тоа е тежок
удар за
политиката
што ја води
македонското
раководство,
само некоку
дена по
заминувањето
на Кардељ, но
и за
безбедносната
служба која
не насетила
што се
подготвува.
Натаму,
бунтот ја
покажал
мекоста на
паролата за
братството и
единството.
Што му е
гајле на
Македонецот
за Срем - тој
сака на
Солун.
Интересно е
што во тоа
време за
настанот со
месеци
молчат двете
гласила во
Македонија:
весникот
Нова
Македонија и
Радио Скопје.
Не само во
јануари,
туку и
подоцна,
како ништо
да не се
случило.
Општ молк.
Спорадично
настанот е
претставен
како
незадоволство
на група
војници,
националисти
и
пробугарски
настроени,
па дури и
Бугари’, вели
Поп Ѓорчев.
Но, исказите
во истрагата
и судењето
на многу од
судените
војници, ја
разбиваат
таа теза.
Навистина,
војниците
главно се од
Источна
Македонија -Струмица,
Кочани, Штип
итн., но
судејќи
според
имињата и
податоците
кои Поп
Ѓорчев ги
забележал во
пресудите,
меѓу нив
имало и
такви со
потекло од
Кавадарци,
Прилеп,
Гевгелија,
од Велес, од
охридското
село
Велестово и
од селото
Лера,
битолско.
‘Значи,
покриена е
цела
Македонија,
па не може да
стане збор
за тоа дека
биле само
неколку
побугарчени
војници од
Источна
Македонија.
За самиот
настан во
пресудите се
вели дека е ‘воружен
бунт на
регуларна
единица’ што
е веројатно
единствен
таков случај
во Втората
светска
војна.
Апостолски
ги враќа
војниците на
Калето, тие
го оставаат
оружјето и
тогаш ОЗНА
почнува да
ги апси.
Следи
истрага, а
потоа
војниците се
изведени
пред суд.
Главното
обвинување е
дека станува
збор ‘за
отворен
оружан бунт
против
установениот
ред и
поредок во
НОВ на
Југославија,
што са
фрлани
пароли
противни на
единството
на
југословенските
народи, што
са
организирале
оружан бунт
во касарните
на Кале и на
плоштадот
пред
Официрскиот
дом во
Скопје’. Во
Скопје
судења има
веќе на 20 и 30
јануари и 1
февруари,
кога се
изречени 12
смртни казни,
12 војници
добиле
пресуди со
кои се
осудени на
временски
казни затвор
со тешка
принудна
работа од 5 до 20
години.
Други
деветмина
добиле
помали казни,
а петмина со
недокажана
вина биле
ослободени’,
раскажува
Ѓорчев.
БЕЛГРАД
ИСПРАТИЛ
НЕДИЌЕВЕЦ
Осудениците
на смрт биле
издвоени во
две групи: во
првата се
четворица од
кои дури
тројца се
Срби што е
мошне
индикативно:
зошто Срби
би си ја
ризикувале
главата за
да
подбуцнуваат
македонски
војници
наместо да
одат да се
борат на
Срем, да
сакаат да
тргнат кон
Солун?
‘Индикативни
се исказите
на
обвинетите
пред судот
дека ‘откако
дојдоа
српски
началници и
инструктори
во бригадата,
меѓу
војниците се
осеќава
некакво
незадоволство,
нарочно след
случката во
интендантството
каде еден од
дојдените
Срби е
говорел
нешто за
крал Петар,
како тој ќе
се врател
назад, дека
ќе се врати и
Југославија,
а Македонија
ќе биде
Јужна Србија’,
цитира Поп
Ѓорчев.
Во
документите
кои тој
изворно
одново ги
препрочитувал
во Архивот, а
кои се
објавени од
страна на
македонскиот
Институт за
национална
историја во 1997
година (‘Настаните
на скопското
кале на 7
јануари 1945
година
документи’),
запишани се
всушност
повеќе
дилеми на
војниците
околу
заедништвото
на
Македонија
со Србија и
различното
сфаќање на
последиците
од тоа.
Во целата
таа приказна,
меѓутоа, се
чини
недоволно е
расветлена
улогата на
тројцата
Срби. Тоа не
се Срби од
Македонија
кои тука
живееле па
биле
мобилизирани
меѓу
партизанските
единици,
туку
очигледно
станува збор
за нешто
друго.
‘Во
протоколот
за распит од 9
јануари 1945
година на
Слободан
Бранковиќ (23)
од Белград
стои и дека е
приватен
чиновник,
водник во
противавионска
батерија, а
пред да биде
мобилизиран
во НОВ бил на
служба кај
Недиќ (српски
генерал и
премиер во
Кралска
Југославија)
и бил еден од
најактивните
функционери
во
организацијата
Национална
слога. Тој
лично
учествувал
во многу
борби против
партизаните,
а потоа кога
видел кој
победува во
војната, се
вовлекол во
НОВ и како
стручњак бил
испратен во
Скопје. За
овој човек е
запишано и
следното:
‘Но, и тука
продолжува
со активност
- засилена
пропаганда
во полза на
големосрпската
реакција и
се опитува
да направи
неред во
артилериската
бригада,
откриен од
ОЗНА и
предаден на
војниот суд
и осуден’.
‘Вториот
Србин е
Александар
Вељковиќ (22) (во
докуменитте
пишува
Александар
Велкович) од
Ресен.
Живеел во
Ниш, потоа
работел во
Германија,
се вратил
назад, а од 15
ноември 1944
година
мобилизиран
во НОВ и
пратен во
Скопје како
инструктор.
Третиот е
некој Душан
Бечиќ.
Тројцата
најпрвин
биле осудени
на смрт, но
потоа
изненадувачки
настанува
пресврт -
биле
ослободени
по
поднесените
жалби, иако
како што ви
цитирав еден
од пониските
судови за
недиќевецот,
немало
сомнеж дека
роварел
против НОВ,
што во тоа
време се
казнувало
без многу
размислување.
Како и на кој
начин биле
ослободени,
најкарактеристично
објаснува
случајот со
Бечиќ. За
него, по
жалбата за
која решавал
белградскиот
воен суд, во
ослободителната
пресуда било
запишано:
‘Во однос на
него
работата е
уште потемна.
Просто е
необјасниво
како се
појавил тој
човек пред
судот, а не се
споменува
ниту во
истрагата
ниту во
обвинителниот
акт. Тој
упорно
останувал
при својата
изјава: ‘Останувам
при
показанијата
дадени во
ОЗНА’. Но тие ‘показанија’
односно
изјави не му
биле
презентирани
на судот.
Како и зошто,
не ми е јасно’,
вели нашиот
соговорник.
Всушност, од
тоа се
заклучува
дека
тројцата
Срби имале
една од
битните
улоги во
целиот
настан со
бунтот на
Кале, дека
поради тоа
ОЗНА ги
испитувала,
а потоа и
биле осудени
на смрт. Но,
кога нивните
жалби биле
поднесени се
покажало
дека ги нема
материјалите
од
испитувањето,
па затоа во
ослободителната
пресуда за
Бечиќ се
вели дека е
необјасниво
како тој се
нашол пред
суд, што
внесува
тотална
забуна во
случајот.
Каква била
улогата на
овие Срби и
кој на
крајот ги
заштитил?
Дали нивната
улога не
била токму
во тоа: луѓе
со
проблематично
минато за
тоа време,
испратени од
ОЗНА да
подбуцнуваат
на бунт за
потоа да
може да се
изврши
чистка меѓу
македонските
војници и со
тоа во корен
да се исече
желбата
наместо на
Срем да се
оди на Солун?
Поп Ѓорчев
нема одговор
на овие
дилеми, но
признава
дека
случајот е
прилично
чуден.
Посебно што
во
материјалите
наишол и на
еден
струмичанец
кој во
касарната на
Калето дошол
вечерта на 6
јануари во
цивилна
облека и
таму
преноќил,
што е
прилично
несфатливо.
Како може
туку-така
цивил да
влезе и да
преноќи во
касарна,
потоа за
него да се
констатира
дека ‘внел
голема
забуна меѓу
војниците со
својата
агитација и
создал
голема
експлозија
која довела
до бунтот’, но,
сепак, да не
му биде
судено? ‘Сето
тоа е
прилично
чудно и
покажува
дека таму се
случувало
нешто што
засега за
нас е
непознато.
Како и да
било,
македонските
судови
продолжиле
да ја
извршуваат
директивата
за строга
рака и
чистки што
на
Колишевски
му ја пренел
Кардељ, па
претседателот
на Вишиот
воен суд при
Генералштабот
во Скопје
чиј гроб
сега се
наоѓа во
алејата на
великаните
на скопските
гробишта во
Бутел, на 30
јануари 1945
година,
спроти
судењето на
војниците
обрнува ‘внимание
на скопскиот
суд дека во
Штип судот
донел смртна
пресуда
против 6 лица’,
објаснува
Ѓорчев.
Тоа вродило
со плод, па
биле
донесени 13
смртни
пресуди, но
подоцна,
истиот тој
претседател
на Судот е
пописник на
пресудата со
кој
повисокиот
суд се
откажал од
ригорозните
казни и ниту
една смртна
пресуда не
опстојала до
крај. Што се
случило во
меѓувреме?
Интересно е
што меѓу
оние кои
биле осудени
на смрт па
ослободени,
бил и братот
на еден од
највисоките
комунистички
функционери
на
Македонија (неговата
прва
реакција
била дека
нема одвишок
браќа за
стрелање).
Потоа
следело и
помилувањето
од август 1945
година на
Президиумот
на АСНОМ, по
што работите
добиле
поблага
димензија.
Но, во август
1945-та веќе
немало спас
за осудените
на смрт од
штипската
касарна, за
убиените од
затворот во
Велес, за
кумановските
и ресенските
жртви. Тие
засега
остануваат
нерешлива
тежина за
македонската
историја и
држава.
1944 во
денешна
Република
Македонија
се врши
општа
мобилизација,.. се
собираат 80.000
борци СИТЕ
се за
ослободување
на
Македонија.
Mеѓу време
бугарските
окупатори
под притисок
на
Советскиот
Сојуз
капитулираат
и СЕГА ПОД
ВОДСТВО НА
БУГАРСКАТА
КОМУНИСТИЧКАТА
ПАРТИЈА
ОБЈАВУВААТ
војна на
нацистичка
Германија,
НО
БУГАРСКИТЕ
ОКУПАТОРИ во
Македонија
пред да се
повлечат
тешкото
оружје СЕПАК
го ПРЕДАВААТ
НА
ОКУПАТОРСКИТЕ
ГЕРМАНСКИ
ВОЈСКИ КОИ
СЕ НАОЃАТ НА
ТЕРИТОРИЈАТА
НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА (во
тоа време ).
ТОГАШHАТА
МАКЕДОНСКА
ВОЈСКА БЕЗ
ПОМОШ НА НИКAKOB
НАДВОРЕШЕН
ФАКТОР ЈА
ОСЛОБОДУВА
ТЕРИТОРИЈАТА
НА Р.
МАКЕДОНИЈА И
СЕ
ПОДГОТВУВА
ДА ОДИ НА
СОЛУНСКИОТ
ФРОНТ (Егејска
Македонија).
Tогшаната
ситуација на
Тито и
неговата
комунистичка
организација
БИЛА
НЕИЗВЕСНА, четничкото
движење во Cрбија, Босна и Црна
Гора било
огромно и
добро вoоружано,.. исто
така и
ХРАВАТСКОТО И
СИТЕ ДРУГИ.
ТИТО го
праќа Иво
Лола Рибар
со задача
Македонските
вооружени
сили да ги
ПРЕНАСОЧИ НА
СРЕМ(сега
веќе во
блиско време
ИДЕН Сремски
Фронт).
Така Иво
Лола Рибар,
Светозар
Вукмановиќ
Темпо заедно
со Лазар
Колиешвски
дел од
македонските
водачи ги
собираат на
СКОПСКОТО
КАЛЕ под
изговор дека
треба да се
договорат
ШТО ПОНАТАМУ. НО КОГА
ДОШЛЕ
МАКЕДОНСКИТЕ
ВОДАЧИ БИЛЕ
СТРЕЛАНИ. Иста
судбина ја
имале и
стотици
други ВО
СИТЕ МЕСТА
ВО Р
МАКЕДОНИЈА. ТОА
СЕ СЛУЧИЛО
ЗА ВРЕМЕ НА
БОЖИЌНИТЕ
ПРАЗНИЦИ 1944-45.
Во завршните
операции
за
ослободување
на земјата,
до 15 мај 1945
година,
организирана
во три
корпуси, 7
дивизии, 22
ударни, 4
артилериски,
3 пионерски и 1
коњичка
бригада,
македонската
војска брои
110.000 борци и
старешини.
Ченто и
другите НЕОДДЛУЧНИ
МАКЕДОНСКИ
КОМАНДАНТИ
БИЛЕ
НАГОВОРЕНИ:
ДА СЕ
ОСЛОБОДИ
ЈУГОСЛАВИЈА
ПА ПОТОА ТИЕ
ДА ОДЛУЧИЛЕ
ЗА
МАКЕДОНСКА
САМОСТОЈНОСТ.
ТАКА Првата
Mакедонска и
41.
Југословенска
дивизија
БРИГАДА СЕ
ПРАЌА во
Сpбија и ДАВА
ЗНАЧАЕН
ПРИЛОГ ВО
БОРБEНАТА
РАМНОТЕЖА
МЕГУ ТИТО И
ДРУГИТЕ ШТО
БИЛЕ ПРОТИВ
НЕГО. ПОСЛЕ
ослободувањето
на Белград
НЕКАДЕ ВО
ХРВАТСКА
МАКЕДОНСКИТЕ
БОРЦИ БИЛЕ
ВО ОПАСНОСТ
ДА БДАТ
ЕЛИМИНИРАНИ
(СИТЕ ЦЕЛА
МАКЕДОНСКА
УДАРНА
БРИГАДА) ОД
СТРАНА на
СРБИТЕ, HO
генерал од
СОВЕТСКАТА
АРМИЈА СЕ
СПРОТИСТАВИЛ, ВЕЛЕЈАЌИ
ДЕКА ТОА
БИЛЕ СОЈУЗНА
АРМИЈА И
ДЕКА ТОА НЕ Е
МОЖНО (ОВОЈ
историски
факт е
потврден од
мојот дедо
Пане Тодорoв (бог
да го прости)
кој бил учecник
во 4 Mакедонска
ударна
бригада).
Друга верзија е дека Југословенските, Бугарските и Грчките комунисти се бореле за Југословенско-бугарска-грчка Федерација. Имено Грчкиот крал и Југословенскиот крал направиле Југословенско-грчка конфедерација 1942 во Лондон.
Трета Македонска бригада, 42 дивизија со заробени нацисти - Сремски фронт.
Четврта македонска ударна бригада
Постоење
24. јул 1944 — мај 1945.
Место основање:
Лисец, планина Плачковица
Формација
Плачковички НОП одред,
делови 2. и 3.НОУбригада
Ангажирања
Завршни операции за ослободување на Македонијa 1944, потоа е дел од Првата Македонска дивизија
Одликовања
Орден заслуга за народ
Команден состав
Командниот состав на бригадата го сочинувале:
Борис Милевски - командант од 23 јули до 3 октомври 1944 година
Никола Пеев - Груев - командант од 3 октомври 1944 година
Политички комесари биле:
Кирил Михајловски - Груица - од 23 јули 1944 година
Раде Гогов - Црноречки - до 17 септември 1944 година
Момчило Митревски - од 17 октомври 1944 година
Команден состав
според руски извори, биле добро информирани
Никола Груев — командир (с 3 октября 1944)
Борис Милевский — командир (с 24 июля по 3 октября 1944)
Васко Карангелевский — заместитель командира (с 24 июля по 17 сентября 1944)
Димитр «Аргир» Шутаревский — заместитель командира (с 17 сентября по 17 октября 1944)
Саво «Петралички» Якимов — заместитель командира (с 17 октября 1944)
Кирил «Груица» Михайловский — политрук (с 24 июля по 17 сентября 1944)
Раде «Црноречки» Гогов — политрук (с 17 сентября по 17 октября 1944); заместитель политрука (с 24 июля по 17 сентября 1944)
Момчило Митревский — политрук (с 17 октября 1944)
Драган «Лефтер» Зафировский — заместитель политрука (с 17 сентября 1944)
Ката Лахтова — политрук батальона
Ацо Караманов
Мито Димитриевский — начальник штаба (с 17 октября 1944)
Александар Минчев — начальник штаба (с 17 сентября по 17 октября 1944)
Биле многу лесно вооружени, имале многу проблеми при напад од воздух
Бригадата водела борби против бугарските сили кај с. Митрашинци, Беровско (14 август), на пл. Плачковица (16 август), кај Берово (23 август), извршила напад на Виница (30 август). По борбите со германските сили ја ослободила Струмица (9 септември), по што влегла во составот на Педесеттата (македонска) дивизија на НОВЈ (17 септември до средината на октомври 1944) и продолжила со борби со германските сили кај Струмица, селата Нова Маала и Амзали и по комуникацијата Струмица - Берово (22 септември - 3 октомври). Во содејство со други единици, бригадата го ослободила Берово на 13 октомври и продолжила да ги напаѓа германските колони во реонот на Голеш, кај Костурино, на комуникацијата Валандово-Струмица, а потоа ги ослободила Валандово, Удово и Дојран на 7 ноември, по што била упатена да ја затвори југословенско-грчката граница од Гевгелија до тромеѓето со Бугарија.
Во рамките на завршните операции за ослободување на Македонија, оваа бригада учествувала во борбите за ослободување на Кочани, Струмица и други населени места од Источна Македонија.
Црвената армија влегла во Бугарија на 8 септември 1944 година; Бугарија и објавила војна на Германија следниот ден.
Тешкото вооружување било предадено на нацистите, така бугарите, пљачкале колку можеле и се повлекле од Македонија.
Среќа немало железница инаку ќе го опљачкале Македонскиот народот и дрвени лажици пљачкале, толку биле бедни.
Скопје е ослободено од нацистите и балистите, не од бугарите.
Октомври 1944, близу селото Ѓавато, блиску Битола, Македонија, Германци од Армијата на Вермах, Група Е, преговараат да се предадат на 15 - от Армиски Македонски Партизански Корпус. Од лево и британски офицер, како сведок.
Бугарски затвореници
1946
тајанта jугословенска
полиција го
АПСИ ЧЕНТО
ПРВИОТ
ПРЕЦЕДАТЕЛ
НА НР
МАКЕДОНИЈА И
ГО ОСУДУВА
НА ЗАТВОР 8
ГОДИНИ, ПАНКО
БРАШАРОВ
ПОДПРЕЦЕДАТЕЛОТ
НА АСНОМ Е
ПРАТЕН НА
ГОЛИ ОТОК НА 60
ГОДИШНА ВОЗРAСТ. Тито и
комунистите
ПАК ПОВТОРНО
ГИ ДЕЛАТ
МАКЕДОНЦИТЕИ НЕ
ДОЗВОЛУВААТ
ПОМОШ ЗА
МАКЕДОНЦИТЕ
ВО ЕГЕЈСКА
МАКЕДОНИЈА. И
ДРУГИТЕ
ДЕЛОВИ ОД
МАКЕДОНИЈА. ТАКА
ПРОПАЃА
ПОСЛЕДНИОТ
ОБИД НА
МАКЕДОНЦИТЕ
ОБЕДИНУВАЊЕ
HА
МАКЕДОНИЈА.
Меморандум
од британскиот конзул во
Скопје, 1945 год.
Пропусница за второто заседание на АСНОМ
“…Комунистичката партија чија потчинетост кон Тито е без секое сомневање, се повеќе и повеќе ја контролира македонската влада. Во првата македонска влада, формирана во април, претседателот Лазар Колишевски е секретар на Македонската Комунистичка Партија; двајцата потпретседатели се комунисти и сите останати со исклучок на двајца министри. Во локалните национално ослободителни комитети секретарот, кој нормално е нејмоќен член, секогаш е непроменливо комунист.
Се повеќе и повеќе клучните места се непосредно контролирани од централната влада. ОЗНА која се чини има право на вето на многу одлуки на федералната влада и од корпусите за национална одбрана, кои дејствуваат како гранична стража, се засилени во Македонија и се одговорни непосредно на Министерот за национална одбрана. Границата со Бугарија е обновена и преминувањето меѓу Бугарија и Македонија стриктно се контролира. Дозвола за премин се добива само во Белград или Софија. Рудниците и железничките линии се ставени непосредно под контрола на Министерството на рудници и комуникации во Белград. Во овие две служби Македонците се обврзани да примаат српски техничари. Системот такса со исклучок на малите локални такси за локалните служби и снабдување на пари на федералната влада наскоро ќе биде координиран од страна на централната влада.
Формирани се граѓански судови и службата на јавниот правобранител за Македонија ќе биде директно одговорна на Министерот на правдата во Белград за водење на судските работи во федералната единица. Секој важен предлог закон од федералната влада мора да биде во детали упатен до Белград пред да биде активиран. Скопското радио, досега независно, е ставено под контрола на Белград.
Во почетокот на јуни македонската воена команда беше распуштена и 5-та југословенска армија беше преселена во Македонија со Главен штаб во Скопје. Иако оваа армија се состои од македонски единици, се верува дека содржи најмалку една српска дивизија и една хрватска дивизија размислува да им се придружи. Таа е команда на генералмајор Родиќ кој со својот штаб, политичкиот комесар и поголемиот дел од неговите службеници се Срби. Се чини, исто така, дека Белград ја држи Македонија сосема изолирано од некои основни потреби и покрај тоа што помошта од УНРРА се очекува, таа се уште не почнала да пристигнува.
Ова секако може да е чекор на централната влада за да им стави на знаење на Македонците колку се тие зависни од Белград…”
“Велика Британија и Македонија” (1945-1948)
документи, ИНИ, Скопје 1996, том II, стр.45-47;
''Во стара Југославија, Србите, за време на окупацијата ме заплашуваа со убиство, но никогаш не се надевав дека и Македонци ќе ни се фалат со убиство'' 1947 - Ченто.
Една поучна лекција до Македонските раководители, а тоа е кога станува збор "за" Македонија, немојте да верувате на никого.
Ченто веруваше на Тито, наместо да го неутрализира Темпо и ОЗНА, потоа да ја прати Македонската армија на Солун.
Македонците
се бореа за
сопствена
држава
Со
признавањето
на правото
за
национална
определба на
Македонците
и правото на
сопствена
држава во
која
македонскиот
јазик се
признава
како посебен,
Комунистичката
партија на
Југославија
го постигна
најголемиот
успех во
Македонија,
и покрај тоа
што
мнозинството
Македонци се
до 1943 година не
беа
наклонети
кон
комунистите
предводени
од Тито, стои
во извештај
на
разузнавачката
служба на
САД од 1945
година што
се чува во
Сојузна
Република
Германија.
„Со
недвосмисленото
признавање
на постоење
македонска
нација,
југословенските
комунисти
успеаја да
го
минимизираат
влијанието
што меѓу
Македонците
го имаше
водачот на
ВМРО Иван
Михајлов",
пишува во
анализата
посветена на
создавањето
на
македонската
држава во
рамките на
Југословенската
федерација,
заведена под
архивска
ознака ЦДА,
КФМ 36, 780/8.
Во неа се
вели дека
клучно за
успехот на
КПЈ меѓу
Македонците
е
признавањето
на вековните
национални
стремежи на
македонскиот
народ за
сопствена
држава.
Според
податоците
на
Американците,
до 1943 година
КПЈ имала 300
членови во
Македонија и
400
приврзаници
во
организацијата
на
комунистичката
младина.
„И покрај
превирањата
што постоеја
меѓу
Македонците
во првите
две воени
години од
Втората
светска
војна, сепак,
мнозинството
од нив во 1943
година се
вклучија во
ослободителната
борба
предводена
од
комунистите
на Тито.
Нивната цел
да се
приклучат во
борбата беше
создавање
своја држава,
а мотивот го
добија во
довербата
што ја имаа
во даденото
признание на
нивното
право на
национално
самоопределување,
иако тоа
беше
предвидено
во рамките
на
доктрината
на
југословенскиот
национален
федерализам",
е запишано
во овој
документ на
САД.
Според
Американците,
со ваквиот
став кон
Македонците,
КПЈ која до 1943
година има
само 700
приврзаници,
успеа да ги
истисне до
тогаш
влијателните
пробугарски
елементи
меѓу
Македонците.
За ваквиот
исход,
според
Американците,
клучни биле
два фактора.
Прво,
цврстото
признание на
аспирациите
на
Македонците
за своја
држава од
страна на
КПЈ,
наспроти
дотогашната
насилна
српска
асимилација
преку
полицисковоениот
апарат на
Владата во
Белград во
вардарскиот
дел од
Македонија.
И успехот на
КПЈ која
докажа дека
политиката
на ВМРО под
водство на
Михајлов е
истоветна на
бугарските
националистички
претензии
спрема
Македонија.
Вториот
фактор е
пасивноста
на ВМРО,
односно на
водачот
Михајлов,
кој во тој
период бил
протеран од
Бугарија (за
време на
Втората
светска
војна И.
Михајлов
престојува
во Хрватска
и е советник
на водачот
на НДХ, Анте
Павелиќ).
„Михајлов во
тој период,
наместо да
ги
мобилизира
Македонците
во борба за
своја држава,
сметаше дека
бугарската
окупација на
Македонија е
првиот чекор
кон
воспоставување
автономна
Македонија.
Поради
ваквиот став,
на што се
должеше и
неговата
пасивност и
нерешителност,
доведе до
губење на
неговата
поддршката и
популарност
меѓу
Македонците,
и покрај
големиот
ореол и
славата на
ВМРО.
Дополнително
влијаеше и
отпорот на
Македонците
кон
бугарската
окупација",
пишува во
анализата.
Во таа
анализа се
констатира
дека
македонскиот
национализам
е производ
на жестоката
асимилаторска
политика на
националистичките
кругови во
Србија и во
Бугарија врз
Македонците.
Србите се
обидоа од 1919
година до
почетокот на
Втората
светска
војна да ги
србизираат
Македонците,
или ако не
успеат да ги
направат
Срби, тогаш
да ги
приклучат
кон другите
националности
што живеат
во
Македонија.
На тој начин
се обидуваа
да го
ферментираат
македонското
национално
чувство.
„Нема
подобро
потхранување
на
национализмот
кај еден
народ од
обидот да му
се одземе
правото да
си го
зборува
својот јазик
за да му се
наметне туѓ.
Мерките на
Србите за
негирање на
македонскиот
јазик,
колонизаторската
политика,
високите
даноци,
отсуството
на
инвестиции,
исклучувањето
од
партиципирање
во власта,
беа
контрапродуктивни
и го
предизвикаа
македонскиот
национализам",
заклучиле
Американците
во 1945 година. Од
друга страна,
Бугарија
преку
националистичката
окупација во
текот на
Втората
светска
војна, во
обид да ги
врати
границите од
Санстефанскиот
договор, ја
уништи
добрата
волја што
постоеше во
Македонија
спрема
Бугарија.
„Бугарските
националисти
не можеа да
го прифатат
фактот дека
Македонците
можат да
имаат
поинакви
аспирации,
освен да
бидат
апсорбирани
како чисти
Бугари во
бугарската
држава. Од
друга страна,
ниту
бугарските
комунисти не
успеаја да
се соочат со
реалноста
дека
Македонците
се посебен
народ, како
што тоа го
направија
југословенските
комунисти
предводени
од Тито.
Бугарските
комунисти не
можеа да се
приспособат
на реалноста,
пред тоа да
стане доцна",
заклучуваат
Американците.
Во ваквата
состојба
лежат
причините и
за неуспехот
на Иван
Михајлов да
ја исполни
задачата
поставена од
Германците,
во септември
1944 година, под
нивни
патронат да
основа
независна
македонска
држава.
Истовремено СССР и објавува војна на Бугарија. Непосредното навлегување на советските трупи во балканската држава што следеше потоа, како и нивното напредување до германската основната сврзувачка линија во Вардарската долина, доведуваат до драматично изострување на воената ситуација. Како резултат на тоа, Рибентроп го притиска германскиот амбасадор во Софија СС - обергрупфирерот Адолф Хајнц Бекерле:
„ Денес фирерот одново нареди да биде прогласена Hезависноста на Македонија - овојпат без повеќе одлагања “.
Фотографија го прикажува тајниот документ од 05. септември 1944 со кој по наредба на Фирерот Македонија мора да се признае без одложување. Иако фашистичка, Германија ја признала реалноста во Македонија, се разбира заради свои стратешки цели, но сметала на симпатиите на Македонците и нивна неутрализација, но било предоцна. Македонското револуционерно движење, подржано од народот, веќе прогласило своја држава на АСНОМ и покажало во кој правец ќе се движи правичната борба за слобода и сопствена држава.
На Вермахтот не им пречела картата со границите на етничка Македонија
На истиот 5 септември Михајлов патува од Софија за Скопје, каде на 6 септември има повеќе средби со активисти на ВМРО и со месни првенци како и средби со комунистички партизани и со претставници на граѓанското антибугарско ослободително движење на Методија Андонов - Ченто. Вечерта тој го соопштува своето решение, кое веднаш е е испратено од германскиот генерален конзулат во Скопје до амбасадата во Софија:
„ Комитетот (скопските вмровци) се откажува категорично да прогласи независност на Македонија, убеден од Ванчо Михајлов, и по опстојна анализа на стекнатите состојби.
Аргументирајќи го своето решение, Михајлов се запира најмногу на:
Прво, отсуство на приврзаници анти - комунисти, кои ќе се подготвени да застанат зад независноста и да ја наметнат
и
Bторо, непрекинато и агресивно деморализирање на целото население.
Додека Хитлер, Химлер и Рибентроп се нервираат поради откажувањето на Михајлов, началниците на Вермахтот го преземаат управувањето на Македонија во свои раце во моментот кога таа е „ оголена“ заради повлечените бугарски окупаторски сили. На 12 ноември 1944 година, последните германски единици со борба избркани од Скопје и заминуваат во насока кон Приштина, а наредниот ден во Скопје навлегуваат партизаните.
Откако
Михајлов се
сретнал со
свои
приврзаници
во Скопје,
заклучил
дека веќе е
доцна и нема
услови да се
реализира
проекгот.
Според
американската
разузнавачка
служба,
голем број
млади
интелектуалци
меѓу
Македонците,
кои пред
војната биле
наклонети
кон Михајлов,
сега веќе се
бореле за
добивање
државни
позиции во
македонската
држава во
рамките на
Југословенската
федерација.
Според
Американците,
македонската
интелигенција
решила да го
прифати
предлогот на
Тито како
најповолен,
за подоцна
да заклучат
дека и
немаат друг
избор.
Решението на
КПЈ не било
веќе
алтернатива,
туку
единствена
можност. Во
извештајот
посебно е
нагласено
дека во
прокламацијата
од
конституирањето
на
македонската
држава, била
поздравена
новата
југословенска
држава на
чело со Тито,
но немало
поздравни
зборови кон
СССР и
Црвената
армија,
Бугарија,
Грција и
Албанија. Во
Прокламацијата
била
истакната
надеж дека
народната
демократска
власт ќе се
распространи
врз целата
територија
на
Македонија.
„Македонците
кои се
надеваа дека
државата ќе
ја
воспостават
на
целокупната
географска
Македонија,
се
распоредуваа
надвор од
Македонија,
или пак
против
лицата со
такви
тенденции се
преземаа
репресивни
мерки",
пишува во
извештајот.
Заклетвата
ПОЧЕТНИТЕ ПАРТИЗАНСКИ ФОРМАЦИИ ИМАЛЕ ИМИЊА НА МАКЕДОНСКИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ
Одред Даме Груев 1942
Припадници на Одредот Димитар Влахов 1942
Одред Јане Сандански
Одред Гоце Делчев 1942
Шарпланински Одред 1943
Формирање на Првата Mакедонска ударна бригада Локов,08/04/1944
Знаме на Првата македонска ударна бригада
Формирање на Втора Mакедонска ударна бригада 1944
Формирање на Трета Mакедонска ударна бригада 1944
Формирање на Петта Македонска ударна бригада 1944
Формирање на Петнаесетта Македонска ударна бригада 1944
Партизански марш
Влез во Прилеп
Во деновите што му претходеле на ослобудувањето и конечното изгонување на германскиот и бугарскиот окупатор од територијата на Прилеп, претходеле жестоки борби. Многумина ќе кажат дека Македонците биле помогнати од овој или оној, но според историските податоци Македонскиот народ речиси целосно сам го избркал непријателот, особено во Прилеп. Градот херој бил главното упориште и во овој дел на историјата, нескршливоста и упорноста на Прилепчани била главниот бедем со кој се соочил непријателот.
Имено во овие денови во Прилеп распоредот на германските сили бил следниот: 600 војници и офицери во касарната, северно од неа 2 топа и 5 митралески гнезда. Кај месноста “Садика”, од едната страна на реката 2 тешки митралези, а од другата уште 3.
На Брдо, под пиварата, 3 топа противавионски и една чета Германци кај железничката станица.
На “Црвени Брегови”, на излезот кон Битола 2 противавионски топа и 2 артилериски, како и 300 Германци.
Штабот на 15 корпус на 24 октомври издал наредба да на 28/29 октомври 41 и 49 девизија да го нападне и ослободи Прилеп. Претходно на 27 октомври единиците на 41та девизија го ослободиле Кавадарци.
На 29 октомври бил запоседнат Плетвар од страна на 11 бригада. Германците биле опседнати околу селото Плетвар. Наредниот ден првиот баталјон го започнал нападот, но германските сили ги збиле своите редови и го одбиле првиот и вториот јуриш. По четириесет часовна борба Германците биле совладани. Наредниот 31 октомври, Германците биле потпомогнати со засилени трупи и вршеле силен притисок да продрат повторно до Плетвар, но сите нивни заложби биле неуспешни, бидејќи бргадата се држела добро и пружала силен отпор.
Силни борби се воделе и на Маркови Кули. Таму германските сили биле потпомогнати и од артилериско оружје, а нашите трупи иако биле со малку муниција го напаѓале непријателот, дури и со камења. Ги држел силниот дух и желбата за слобода. Во повлекувањето кон Варош и Прилеп, Германците ги запалиле зградите на Институтот за тутун, за веднаш потоа сите сили ги упатат повторно кон Плетвар каде и успеале да направат продор помеѓу позициите на 11 бригада. Но обидите биле спречени од страна на Штабот кој издал наредба 5 бригада да изврши напад од кај касарните и да го пресечи патот за Плетвар.
Во мугрите на трети ноември започнал и последниот напад за ослободување на Прилеп. Последните германски истрели откај гробиштата и Варош набргу запреле. Најтешката задача ја имал Третиот баталјон кој во огромен јуриш, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе непријателски војници. Кај седум часот се слушнала и последната германска детонација, кога биле активирани мините под Ленишки мост. Тоа е последната акција за Прилеп и оттогаш градот живее слободно.
Во последните два дена треба да се напомене дека Прилеп дал 78 жртви, херои на Народноослободителната војска на Македонија. Германците претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени. Со запленетото оружје, борците се упатиле кон Битола, при што ја ослободиле на 4ти ноември.
ВЕЧНА НЕКА ИМ Е СЛАВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ХЕРОИ, ПРИЛЕП ПАМЕТИ И ДОСТОЈНО СЕ СЕЌАВА НА СЕКОЈ ОД НИВ.
Првата Егејска Ударна Бригада дефиле во Битола 1944
Првата егејска ударна бригада била формирана на 18 ноември 1944 година во селото Драгош, Битолско. Била формирана од дел од македонските воени единици што се одделиле од ЕЛАС и од дел од бригадата „Гоце Делчев“. Формациски била поделена на Костурски, Лерински, Воденски и Придружен баталјон со тешкото вооружување
Битола 1945, ако погледнеме добро имало и руси, немале проблем со револуционери од типот на Даме Груев
Дефиле во Скопје 1944
Планот за ослободување на Скопје
Дефиле во Скопје 1944
Влез во Охрид, со траспарент ''на Солун''
Британски шпионски мајмунлуци:
Министерството за надворешни работи на Велика Британија испраќа телеграма до амбасадата во Белград со која ги известува дека ја покажале нивната пратка број 381 (11/16/46), во која се содржи извештајот од посетата на г. Стенбок на Босна, на Хеникер-Мејџор ’кој беше живо заинтерсиран да ја пролчита, и птооа го даде следниот коментар’:
„Генералот Апостолски не е агресивен комунист, но е страстен патриот и е извонредно остроумен професионален војник, кој ретко, ако не и воопшто, се мешал во политиката. Неговото вистинско презиме е Апостолски, а презимето Митиќ било употребувано од него со цел да просперира во предвоената југословенска армија, каде што Македонците беа табу и никогаш немале и најмала можност за унапредување.“ Со вистински чувства ги опишува природните убавини на неговата земја и средновековните архитектонски споменици во неговиот роден регион, а со гордост го спомна театарот во Скопје каде што сега претставите се даваат на македонски јазик. Забележа, не без извесна пакост, дека додека порано Македонците требало да го учат српскиот, сега е обратно – Србите ќе седнат да го учат македонскиот јазик, – се вели меѓу другото во извештатите на британските разузнавачи од 1945 и 1946 година.
Bо Сараево 1946, – генерал Апостолски направи чудна забелешка: ''грчката герила'', која се бори самостојно и без било каква ’можност за поткрепа и помош од било каде’, известува британскиот конзул при амбасадата во Белград.
Планот на битката за Скопје
Историја
Михаило Апостолски
За ослободувањето на Скопје, кое беше солидно организирано и брането со сили од околу една дивизија, можеа да се заангажираат само 42. НО и 50. НО дивизија, и 15 бригада од Кумановската дивизија. 41. НО дивизија доби задача држејќи ги комуникациите во реонот на Градско, Криволок, Кавадарци, Плетвар, да ја затвори долината на Вардар и со тоа да ги заштити од дејството на Германците по тој правец операциите на 49. НО дивизија во правецот на Битола, како и операциите на 42. и 50. НО дивизија во битката за Скопје, и најпосле да послужи како резерва на Главниот штаб на НОв иПО на Македонија. Оттука 41. НО дивизија можеше да се употреби за 2-3 дневен марш, спрема Битола, како поддршка за 49. дивизија спрема Кичево, за да го осигура евентуално бокот во време на нападот на Скопје од дејството на балистите од Западна Македонија (на овој правец подоцна беше и употребена), како и спрема Скопје за експлоатација на успехот на 42. и 50. НО дивизија.
За да можат да се соединат 42. и 50. дивизија, неопходно беше прво да се заземе Штип и Велес и дури потоа да се овозможи настапувањето кон Скопје на 42. и 50. НО дивизија.
Замислата за проведување на битката беше: од југ, исток и север концентрично, со содејство на ударните групи од градот, да се нападнат германските сили во Скопје, да се обиколат и потоа со брз продор во градот да се изолираат одделни групи и уништат.
Планот за напад и заземање на Скопје беше следниот:
-42. НО дивизија со две бригади (3 и 12 ударна македонска бригада) да напаѓа од југ преку Карлијак, со задача по заземањето на надворешната одбрана на Скопје со главните сили да се пробие до мостовите на реката Вардар и по секоја цена да му оневозможи на непријателот да ги урне, а со дел од силите да дејствува спрема Ханриево.
-50. НО дивизија и 8 бригада од 42. НО дивизија да настапуваат по левиот брег по долината на Варар, со задача да нападнат од источната страна на Скопје, потоа, во содејство на 15 македонска ударна бригада да го заземат северниот дел на градот и со тоа да го затворат обрачот околу Скопје, а потоа со дел од силите да ѝ содејствуваат на 42. дивизија при заземањето на мостовите на Вардар и уништувањето на германските сили во Скопје, на десниот брег на Вардар. Со дел од силите да се обезбеди спрема Куманово (кое до 11 ноември беше во рацете на Германците).
-15 македонска бригада од Кумановската дивизија, која дотогаш дејствуваше на комуникацијата: Скопје-Качаник, доби задача од Скопска Црна Гора да нападне на северниот дел од градот, да ги заземе касарните (к. 307) и да ѝ содејствува на 50. НО дивизија, та со тоа да овозможи потполно опколување на германскиот гарнизон во Скопје.
-Ударните групи, формирани од страна на партиската организација во градот од работници и младинци од градот, имаа задача, во моментот на навлегувањето на нашите единици во градот, да нападнат на одделни германски посади, нарочно на мостовите на Вардар и со тоа да го помогнат дејството на нашите единици; потоа да им послужат на нашите единици како водачи во уличните борби.
-Нападот да се подготви и проведува така што да се предизвика полно изненадување - оти единиците немаа доволно артилерија за артилериска подготовка (50. дивизија имаше еден дивизион артилерија, а артилеријата на 42. дивизија остана во Велес, бидејќи не можеше да се префрли преку Вардар, а по дивизијата не можеше да се движи низ планините).
Прибирање на силите
42. НО дивизија подолго време се наоѓаше во постојани, секојдневни борби против германските и балистичките сили, првин на Карлијак, а потоа на Сува Планина. Пред 42. НО дивизија беше поставена задача со усилен марш да се префрли преку Караџица и да се концентрира во велешкиот реон, да нападне на Велес, потоа на 8.9. да се спои со 50. НО дивизија и со брз марш да продолжат двете дивизии за Скопје.
Како што е порано изнесено со борбите што се водеа на 8 и 9 ноември, 42. НО дивизија го зазеде Велес, а 50. НО дивизија, после долги борби кај Штип, на 8 ноември го зазеде Штип и веднаш продолжи со претходниците да ги брка разбиените Германци. Германците по разбивањето кај Штип со дел од силите отстапија преку Св. Николе за Куманово, со помали сили за Велес, каде што повеќето беа уништени, еден незначителен дел успеа да се спои со силите од велешкиот гарнизон и да отстапи за Скопје. Во текот на 9 ноември предните делови на 50. НО дивизија се споија со 42. НО дивизија кај Велес.
Со заземањето на Велес и Штип и со спојувањето на 42. и 50. НО дивизија кај Велес, беа создадени услови за да отпочне настапувањето кон Скопје.
На 10 ноември 42. НО дивизија направи марш до селото Количани (јужно од Скопје), каде што стигна вечерта на 10 ноември. 50. НО дивизија и 8 бригада од 42. НО дивизија вршеа прибирање на единиците, потоа направија пократок марш спрема Скопје, а со претходниците ги бркаа Германците спрема Катланово (југоисточно од Скопје).
Во времето кога се водеа борбите за Штип, 5 бугарска дивизија стоеше наполно пасивна на Злетовска Река, а дури по ослободувањето на Велес тргна во правец кон Скопје и ноќта меѓу 13 и 14 ноември, со наредба од Главниот штаб (издадена е на лице место усно), беше вратена назад за Бугарија, пред да стигне целата дивизија во Катланово.
Извор: Михаило Апостолски, Завршните операции на Н.О.В. за ослободувањето на Македонија, Кочо Рацин, Скопје.
Борбите за ослободување на Скопје
Ноќта меѓу 11 12 ноември единиците од 42 НО дивизија продолжија да настапуваат и се пробиваа во градот. Утрото рано на 12 ноември отпочна борбата во јужниот дел на градот Скопје. Борбата се водеше низ улиците на градот; нашите единици бргу напредуваа, а германските сили отстапуваа и се прибираа околу порано утврдените згради. 3 македонска бригада од правецот од Кисела Вода, со еден силен напад, ползувајќи ја маглата што го покриваше Скопје тој ден, се пробива со главните сили до палатата на денешното претседателство на Владата и зградата на полицијата и на јуриш, совладувајќи го многу жилавиот отпор на Германците, ги зазеде овие згради и ненадејно се појави во зградите на кејот, каде што отпочна борба за мостовите. Делови од 12 и 3 бригада ја блокираа железничката станица и отпочнаа борба за самата зграда и за Кранговата палата, што се наоѓа во близина на железничката станица. Главните сили на 12 бригада отпочнаа борба за зградата на Учителската школа и Поштата; едно бочно осигурување на XII ударна бригада изби на мостот кај Ханриево.
Во текот на 12 и 13 ноември се развија жестоки борби; одделни згради, како Народната банка, поштата и др. по неколкупати преминуваа од раце в раце. Во тие борби голема улога изиграа ударните групи од градот. Тие веднаш по продорт на единиците од 3 и 12 бригада во градот, се појавија и со самопрегорен елан ненадејно нападнаа на Германците в грб и в бокови, се поврзаа со нашите единици и вршеа улога на незаменливи водачи, оти точно го познаваа не само градот туку и организацијата на германската одбрана, та со тоа им укажуваа оргомна услуга на нашите единици.
50 НО дивизија и 8 бригада, со извесно задоцнување претпладне на 12 ноември отпочнаа напад на германската одбрана на источниот дел од градот. И овде се развија тешки борби, нарочно во индустрискиот дел од градот и во регионот Гази Баба. Дејството на овие единици почна да се сеќава кај 42 НО дивизија. Успесите на единиците од 42 НО дивизија во јужниот дел на Скопје, се зацврснаа со успешното и енергично напредување на 50 НО дивизија и 8 бригада. Германците почнаа да го сеќаваат стегањето на обрачот.
16 бригада од Скопска Црна Гора во текот на 11 и 12 ноември успеа да разбие неколку балистички групи, што ја напаѓаа при нејзиното спуштање од Скопска Црна Гора и на 12 ноември, попладне, го отпочна нападот на касарните, каде што беше распоредена и германската артилерија.
Ноќта меѓу 12 и 13, и на 13 ноември борбите продолжуваа низ сето Скопје.
Германските сили, што беа во северниот дел и во североисточниот дел на Скопје, како и во деловите во западниот дел на градот, успеаја да се извлечат под заштита на тенкови и да отстапат во правецот кон Качаник. Германците што се беа забарикадирале во разни згради, гледајќи дека им пропаднале сите противнапади, како нивните за пробивање така исто и на единиците за деблокирање, почнаа постепено да капитулираат. Најдолго се држеа Германците во Учителската школа и Поштата, што капитулираа доцна ноќта на 13 ноември. Ноќта меѓу 13 и 14 ноември вршено е чистење на градот од одделни помали заостанати групи Германци. Ова чистење беше продолжено и во текот на 14 ноември.
Благодарејќи на брзите и силните напади и упорните борби од нашите единици, Германците не успеаја да ги разурнат друмските мостови во Скопје, иако беа минирани. Потоа не успеаја да ги разурнат ни главните згради што ги бранеа, иако и тие беа минирани; само во Скопје и Ханриево и едно крило од зградата на Железничката станица, а подоцна една непронајдена мина ја оштети Народната банка.
Левата побочница од 42 НО дицизија (баталјон од 7 бригада) по заземањето на Бел Камен (953) водеше многу жестоки борби во реонот на селото Матка, каде што германските инженерци со балистички сили се обидоа да ја минираат и разурнат хидроцентралата Матка. Меѓутоа, држејќи се упорно овој баталјон, помогнат од ударните групи на месното население, успеа да ги разбие балистите и Германците и со тоа да ја сочува хидроцентралата, а и Скопје од евентуална поплава. Задачата на побочницата во потполност беше извршена.
14 ноември
Веднаш по заземањето на Скопје, рано утрото на 14 ноември нашите единици го продолжија гонењето на непријателот. 42 НО дивизија со 16 бригада го гони непријателот, и тоа со три бригади по правецот: Скопје - Качаник и со една бригада по долината на Вардар кон Хромовите рудници Радуша. 50 НО дивизија го гонеше непријателот во правецот Скопје-Групчин-Тетово. Во текот на тој ден дојде до многу тешки борби на линијата на селата: Орман-Село, Ново Село, Оризари, Глумово и Матка. Германците и балистите од оваа линија неколкупати вршеа противнапади. Нашите единици не само што ги издржуваа тие противнапади, туку успеваа да ги разбијат Германците и балистите и да го продолжат гонењето по определените правци кон Качаник и кон Тетово.
Операциите за ослободување на Западна Македонија
Во Западна Македонија главни непријателски сили беа балистичките формации, организирани во воени формации уште од 1943 година од страна на италијанските фашистички власти и германските команданти.
Балистичките формации беа организирани наполно на војничка база. Старешинскиот кадар во поголем дел минал низ разни германски воени курсеви, служел во германските единици, нарочно во германската „Скендербег“ СС дивизија, а имаше и обични војници кои минале низ германските единици. Така, на пример, меѓу заробените балисти во Гостивар и Тетово имаше и такви што учествувале во составот на германските единици во борбите во Источна Македонија. Тие единици беа добро вооружени со лесно пешадиско оружје и со минофрлачи.
Според податоците што ги имаше Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија во овој период во Македонија имало околу 15.000 балисти, од кои во Западна Македонија бројноста на балистичките сили изнесувала околу 12-13.000 организирани борци.
Распоредот на балистичките сили беше:
а) во регионот на: Кичево, Зајас, околу 5-6.000 балисти;
б) во Гостивар и околината околу 2.000 балисти и
в) во регионот на Тетово околу 5.000 балисти.
Овде карактеристично е да се истакне дека иако балистичките водачи ја гледаа пропаста на Германија, го гледаа повлекувањето на Германците од Грција и Албанија, сепак тие им останаа до крај верни на своите германски господари. Тие до крајот водеа упорни борби и со тоа го олеснуваа германското истеглување низ Македонија и во Западна Македонија, врзвувајќи прилично големи сили од нашите единици; во однос на германската армија успешно одиграа улога на заштитница.
Иако балистичките водачи немаа никакви преспективи во овие борби, тие, секако под влијание на најцрната реакција од иностранство, настојуваа да се одржат во Западна Македонија, па дури намераваа да го одржат и Скопје. Со таа цел, околу 2.000 балисти се спуштија од Скопска Црна Гора во Скопје пред самата битка за Скопје.
Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија во првата половина на ноември 1944 година, покрај значителен број помали единици имаше седум ударни дивизии, кои веќе подолго време беа ангажирани во непрекинати борби против Германците, а еден дел и против балистите. Пред почетокот на операциите за ослободување на Западна Македонија, ангажирањето на споменатите седум дивизии беше по следниот распоред:
1) 42. и 50. НО дивизија и 16 македонска бригада под команда на Штабот на 16. корпус, беа ангажирани во битката за Скопје.
2) Кумановската дивизија (без 14 македонска бригада) беше заангажирана во борбите за Куманово заедно со единиците на I бугарска армија.
3) 49. НО дивизија (без 7 бригада) и 51. (Струмичка) дивизија (без) 20 бригада излегоа на граничниот фронт спрема Грција и делум спрема Албанија, само во реонот на Охридското Езеро, и добија задача да ја затворат јужната граница на Југославија и да не дозволат понатаму пробивање на заостанатите групи Германци од Грција, како и да го спречат евентуалниот препад на нашата територија на реакционерни сили од Грција.
4) 41. и 48. НО дивизија и 7 бригада од 49. НО дивизија, под команда на Штабот на 15. корпус, можеа да се употребат за ослободување на Западна Македонија, и тоа во прв ред во реонот на Кичево и Гостивар, а потоа преку Тетово евентуално да им содејствуваат на силите од 16. корпус во битката за Скопје, или пак, ако Скопје биде порано ослободено со дел од силите од 16. корпус од правецот на Скопје да извршат наполно опколување и уништување на балистите во реонот на Гостивар-Тетово како што всушност тоа и се случи.
Планот за дејство на единиците од 15. корпус за ослободувањето на Западна Македонија подробно беше разработен на состанокот во Охрид со штабот на корпусот и штабовите на дивизиите (заповедта за работа на штабот на корпусот е издадена усно од страна на командантот, комесарот и началникот на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија), а во најкратки црти оформено е сè во заповедта на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија Обр. 33, од 10 ноември 1944 година, издадена во Охрид во 23 саатот, и во заповедта на Штабот на 15 корпус Обр. 10, од 11 ноември, издадена во Охрид во 04,50 саатот.
На овој состанок беа дадени директиви за проведување на операцијата за ослободувањето на Западна Македонија. Потоа, нагласено беше дека по ослободувањето на Кичево, Гостивар и Тетово, дејствата на единиците од 15. корпус треба да се управат во правецот кон Скопје и Качаник.
На истиот состанок подробно беше разработен планот за уништување на непријателските сили во регионот на Кичево.
Уништување на балистичките сили во регионот на Кичево
(...)
16 ноември 1944 година
Во текот на овој ден борбите продолжија на целиот фронт со голема жестокост.
На секторот на 41. дивизија (третата група): 10 бригада, која во текот на 15 ноември беше во резерва на дивизијата, беше уфрлена во борбата и од положајот на Добра Вода - к. 1520, изврши напад на Папрадиште и понатаму кон Маја Срт (к. 1382) и Бериково. Бидејќи балистите во текот на борбата во претходниот ден претрпеа значителни загуби, иако поткрепени со свежи сили од Гостивар, даваа значително послаб отпор во однос на минатиот ден, така што 10 бригада без нарочни тешкотии ги зазеде селата Папрадиште и Маја Срт, потоа селата Бериково, Јагол и Поповјани. 11 бригада на 16 ноември повторно беше испратена во напад на С. Ќафа. Овде и овој ден балистите беа многу упорни во одбраната на селото Ќафа. Извршија повеќе противнапади и се обидоа да го опфатат десното крило од 11 бригада. И покрај големата упорност на балистите, 11 бригада во текот на 16 ноември, после многу жилави борби, успеа да го зазеде селото Ќафа и да излезе на Гариште – к. 1437, каде што и заноќи меѓу 16 и 17 ноември.
II бригада од 41. дивизија во текот на денот, на 16 ноември, успеа да го ликвидира отпорот на балистите во селата: Ново село, Србица, Аранѓел, Ѓубрино и тука заноќи меу 16 и 17 ноември.
Во секторот на Кичево делови од 12 бригада извршија чистење на градот Кичево и непосредната околина од непријателските елементи и едновремено служеа како резерва на корпусот.
Во секторот на 48. дивизија, во текот на денот, на 16 ноември, ситуацијата беше многу критична. Непријателот ноќта доби нови поткрепи од Гостивар, а освен ова, ги прибра и силите што беа се повлекле од секторот на Кичево и од реонот на Тујна, така што силите на балистите спрема 48. дивизија значително се зголемија. Балистите од разденувањето на 16 ноември беа многу активни и презедоа напад на положаите од борбеното осигурување на 48. дивизија, на линијата: Грешница-Зајас-Колари. Околу 08,00 саатот, непријателот изврши јуриш на положаите од борбеното осигурување и ги завладеа нив, а околу 10,00 саатот, продолжувајќи со нападот, успеа на левото крило од дивизијата да го заземе Широк Чувик. Едновремено со ова балистите вршеа силен напад на к. 1049 и околу 11,30 успеаја да ја заземат к. 1049. Половина саат по ова, т.е. околу 12,00 балистите на трипати го повторија јуришот на гребенот јужно од к. 1049 - к. 984, исто така беа извршени неколку јуриши и за селото Мидинци, но сите напади на балистите останаа без успех. Единицте на 48. дивизија, иако многу загрозени со бочно дејство од к. 1049, успеаја да го задржат селото Мидинци и гребенот јужно од к. 1049 - к. 984.
Командата на корпусот ја увиде тежината на ситуацијата во секторот Зајас-Тајмиште, затоа уште беа ставени под команда на 48. дивизија: 4 бригада и два баталјона од 7 бригада.
4 бригада беше испратена во напад по правецот Колибари-Страгомиште-Буковик. Нејзиниот напад, поради лошото време (снег и дожд) и испрекинатоста на теренот, се развиваше многу бавно, та поради тоа не им укажа доволно помош на 1 и 15 бригада од 48. дивизија во онаа мерка што можеше тоа да биде. Два баталјона од 7 бригада итно беа испратени на левото крило од 48. дивизија да дејствуваат од Дарда Кула во правецот на селото Тајмиште. Околу 12,00 саатот овие два баталјона доаѓаат во допир со непријателот и отвораат огон од тешкото оружје спроти Широк Чувик (од митралези и минофрлачи). Веднаш по ова продолжуваат со нападот, со дел од силите кон Широк Врв, а со дел кон Тајмиште.
Со стапувањето во борба на 4 и 7 бригада состојбата на бојното поле почна постепено да се менува во полза на единиците од 48. НО дивизија. Во 13,00 саатот веќе 15 бригада изврши противнапад и успеа да ја поврати к. 1049. Продорот на 4 бригада кон Зајас и к. 837, што е извршен околу 13,30 саатот, значително ја олесни ситуацијата пред фронтот на 1 бригада. Успехот на 4 бригада овозможи дел од единиците на 1 и 15 бригада во 14,30 саатот да извршат противнапад на Широк Чувик и со силен јуриш да ги разбијат непријателските сили. За овој успех многу придонесе и дејството на 7 бригада од Дарда Кула во правецот на Тајмиште.
По извршувањето на споменатите противнапади ситуацијата на фронтот сосема се измени во полза на 48. дивизија. Околу 15,30 саатот единиците на 48. дивизија ги повратија положаите што ги држеа утрото, пред почетокот на нападот од балистите и дефинитивно ги разбија сите балистички напади и ги натераа балистите да отстапуваат.
По разбивањето на непријателот беше преземено гонење, но истото не беше вршено доволно енергично поради тоа што сите единции беа и премногу заморени од претходните борби, што овозможи непријателските сили да се извлечат во правецот кон Буковик.
Ноќта меѓу 16 и 17 ноември единиците на 48. дивизија заноќија во следниот распоред:
-Два баталјона од 7 бригада на претстража на линијата к. 1278-1425.
-IV бригада спрема превојот Буковк, воспоставена врска со XI бригада на к. 1437.
-Другите единици од 48. дивизија во реонот на Зајас.
Со борбите на 14, 15 и 16 ноември во реонот на Кичево-Зајас-Тујна беше завршена првата етапа на операциите за ослободување на Западна Македонија. Во овие борби им беше зададен многу силен и решавачки удар на балистичките сили во Западна Македонија. Оваа е главната причина што нивниот понатамошен отпор до Гостивар беше незначителен, додека беше малку посилен спрема единиците од 16. корпус, што напаѓаа од Скопје кон Тетово.
Со уништувањето на балистите кај Кичево, Гостивар и Тетово и со ослободувањето на тие градови беше завршена операцијата за ослободување на Западна Македонија, а со тоа и наполно беше ослободена Македонија од фашистичките окупатори.
Со оваа операција уништени беа или заробени околу 13.000 балисти, што беше од големо значење за понатамошниот развој на НР Македонија, одделно по воспоставувањето на ред и сигурност во областа на Западна Македонија.
Oслободувањето на Велес
Cé случувало на 9-ти ноември, 1944-тата година
Раскажувањето е на тогаш 10 дете, денес 80 годишен старец. Настанети се раскажани во прво лице.
Ослободувањето на Велес започна во 4 часот утрото на 9-ти ноември, со пукање од хаубици од кај Вршник. Германците беа од левата страна на градот, беа стационирани околу денешното пазариште до Автобуска. Нивниот штаб беше во денешен Работнички универзитет и во тогашна Гимназија, сега школото Благој Кирков. Живеевме токму тука, и веќе неколку дена се насетуваше дека нешто ќе се случи во градот.
Партизаните два три дена претходно веќе биле на Којник, Бузаана, раскажуваа постарите, дека се шетале. Таму Германци немаше, тие беа од оваа страна на градот. Избегавме во високите делови на стариот дел, заедно со мајка ми и сестрите, некој ден претходно. Дури таму и ја пречекавме славата, Митровден, со леб и сол, тоа имаше.
Дедо ми, татко на мајка ми остана во куќата. Бидејќи беше висока, во тој дел до градот, Германците сакале да стават митролез, но железната порта ги спречила да влезат, не успеале. Никој од старата чаршија не смееше да излезе на улица, веднаш го убивале. Сите беа по домовите. Се пукаше, цел ден. Борбите се водеа до 4 попладне. Токму тогаш се слушна силна детонација, и се крена голем прав облак и чад. Сите три моста во тој момент, Железен, Мало мовче и Стар мост беа кренати во воздух. Имаше некои партизани кои се обидоа да го пресечат гајтанот за динамитот, да не го дигнат мостовите, но со снајпер беа погодени и починаа луѓето. За еден од нив има и спомен плоча кај галаријата на Мало мовче.
А Германците, откако ги кренаа мостовите, од кај штипско џаде, се упатиле кон Башино село и Скопје. Откако се слегна прашината, градот беше слободен а двата негови дела раздвоени. Утредента партизаните направија понтон за да го спојат Велес. По улиците се славеше, луѓето се радуваа, со црвена боја се пишуваа пораки по ѕидовите. Загинаа околу 30-тина партизани, така се зборуваше а ниту еден Германец и мртов не остана во градот. Си го собраа загинатите во камиони. Се зборуваше дека фатиле еден жив, некаде кај црквата Св. Спас. Кога се повлекува освен што ги урнаа мостовите, ја уништија и гевгелиска пруга. Со машина како рало, ги искршија сите прагови. Пругата беше разделена на две. Тоа беше огромна штета. Од десната страна немаше многу Германци, но големи борби се водеа околу Железничка станица. Таа беше многу значајна, тука загинаа борци од Кумановската бригада.
Германците веќе чувствуваа дека се ближи крајот и два дена пред борбите, ја евакуира Болницата која беше во училиштето Св. Кирил. Памтам дека недела дена пред тоа мојата сестра ја фати слепо црево и докторите ја оперираа, не бараа ништо освен една корпа јајца. Тоа и мајка им го даде. Како деца одевме таму и ми остана во сеќавање дека близу Турското школо, сега салата на ОУ Св. Кирил и Методиј, имаше дупка каде докторите ги фрлаа отсечените раце и нозе на тешко повредените германски војници. Имаше вар и тука завршуваа.
Недела дена пред ослободувањето Германците на Битолска пруга, денес некаде кај Здружение, тогаш поле со афион, уништија 10-тина и повеќе парни локомотиви, да не паднат во рацете на партизаните. Во котелите ставаа бомби и тие експлодираа. Така направија и со вагони со муниција кои беа на Штипска пруга, и некаде кај Дурутовец беа уништени, дали партизани, дали самите, ама од муницијата која се разлета по околината, и до неодамна имаше експлозивни направи. Знам дека ги чистеа пред некоја година. А по ослободувањето колку деца од Велес настрада, починаа или останаа инвалиди, без раце или нозе. Токму од тој воз.
Германците насетувајќи дека иде крајот, почнаа да штампаат лажни левови, кои цела војна беа платежно средство во Македонија. Беа серија ЧШ. Така ги знаеме и памтиме. Ги печатеа во некогашна Гимназија, имаа машина таму. Со нив купуваа стока, коњи, говеда, ги убиваа наводно за храна, ама јас мислам со цел да не можат партизаните да добиваат помош. Тие пари беа во оптек. Памтам дедо ми ја продаде нивата, со такви пари, кој не вределе ништо. По војната кога дојдоа партизаните се виде дека парите – левовите биле лажни, и многу семејства пропаднаа токму поради ова.
Инаку во Велес освен Германци како окупатори, по капитулација на Бугарија, од есента 1943 цела година потоа имаше многу Австријци, и помалку Украинци, Кавкази, Белоруси, заробени Италијанци. Дел од нив есента 1944 сакаа да заминат во партизани, па прашуваа каде се партизаните.
Еден Ото работеше во Соколаана, објаснуваше дека нивната капа одоздола е црвена, ќе ја преврте и ќе стане партизан. Друг Ханс, пак радиото во комшиите, кое беше програмирано да слуша само радио Софија и Скопје, го преправи да се слуша радио Лондон. Се собира и Германци и велешани и слушаа. Тогаш тие сфатија дека е крајот и велеа Хитлер капут.
Една слика исто така ми остана во сеќавање. Германците од Африка, на Ромел преку лето две години идеа во Велес на одмор, Да на одмор, покрај Вардар беа во шатори. Бидејќи таму било многу жешко, на тенковите јајца пржеле, доаѓаа тука се одмараа еден два месеци и ce враќаа во Африка. ( Во близина на Велес бил командниот Центар на Јужната Армија на Германците, добро чувана тајна, мора да имало и аеродром. Во таа база имало 8 тона злато од Северна Африка,.. е имало до 2012 гое долу,.. ама сега веќе не ).
1944-тата пролетта со возови многу Германци заминаа за југ, кон Грција. Тоа беа млади деца околу 15 години, но и старци. Сите мобилизирани за да се спаси веќе загубената војна, тие беа топовско месо за сојузниците. И нека остане забележано дека дел од велешките моми се омажија за германските војници, во текот на војната. Сите заминаа пред крајот во Германија. По војната, некоја година подоцна, доаѓаа со мажите во Велес, немаше проблеми.
Да кажам и како се градеше разрушениот Железен мост. Го градеа заробените Германци. 4-5 години се креваше по два три сантиметри на ден. И кога завршија, парна локомотива со еден вагон се движеше по него , мина неколку пати преку мостот, прво полека, потоа се побрзо и побрзо, да се види дали ќе издржи. Доле, под мостот беа инженерите и Германци и наши,. Ако случајно мостот не издржи, тие први ќе настрадаа. Мостот издржа и до ден денес а заробените Германци потоа беа пуштени дома. И со нив заминаа велешки жени, со инженерите некои со војницитe. Стапија во брак и се земаа.
Петнаесетти македонски корпус
Петнаесетти македонски корпус — воена единица на НОВ и ПОМ и НОВЈ која постоела од првата половина на октомври 1944 до 11 април 1945 и учествувала во борбите на Сремскиот фронт. Бил формиран како Втор корпус на НОВ и ПОМ до 10 ноември 1944.
Во формацискиот состав влегле 41та и 49та македонска дивизија. Веднаш по формирањето учествувал во борбите против единиците на ГАЕ, кои се повлекувале од Грција по долината на Вардар, во ослободувањето на Повардарието, Пелагонија, Преспанско и Охридско, а потоа и Кичево и Гостивар.
Во декември 1944 година корпусот бил реорганизиран и во неговиот состав влегле 42та и 48та македонска дивизија, по што бил именуван како ударен. Во јануари 1945 учествувал во борбите на Сремскиот фронт во составот на Првата армија на ЈА. Бројната состојба изнесувала 22.000 борци и офицери. Во борбите на Сремскиот фронт, корпусот имал над 9.000 загинати, околу 2.800 ранети, 150 исчезнати и 20 заробени борци. По расформирањето, неговите дивизии биле ставени под команда на првата армија на ЈА.
15 Македонски корпус на пат за Сремскиот фронт, 1945 година.
15. македонски корпус бил создаден во декември 1944 година, во близината на Скопје. Веќе во февруари 1945 година, корпусот заминал на подготовки во Срем, бидејќи бил во состав на Првата армија, која добила задача да го пробие Сремскиот фронт. Притоа, корпусот имал голема улога во ослободувањето на Посавина, каде што водел тешки борби. На неколку места, корпусот се соочил со големи човечки загуби: на 15 април 1945 година, во Будровац, во близината на Ѓаково, погинале 210 партизани, а потоа во борбата кај Врполе корпусот имал уште поголеми загуби, т.е. погинале 1.000 партизани. Големите жртви се должеле на фактот дека корпусот бил опремен само со лесно, пешадиско вооружување. Од вкупно 25.000 борци и старепини, на Сремскиот фронт загинале околу 1674 борци, ранети биле 3400, а за исчезнати се сметале 378 борци и старешини.
ПОСЛЕ
ослободувањето
на Белград,
НЕКАДЕ ВО
ХРВАТСКА
МАКЕДОНСКИТЕ
БОРЦИ БИЛЕ
ВО ОПАСНОСТ
ДА БДАТ
ЕЛИМИНИРАНИ
(СИТЕ ЦЕЛА
МАКЕДОНСКА
УДАРНА
БРИГАДА) ОД
СТРАНА на
СРБИТЕ, HO
генерал од
СОВЕТСКАТА
АРМИЈА СЕ
СПРОТИСТАВИЛ, ВЕЛЕЈАЌИ
ДЕКА ТОА
БИЛЕ СОЈУЗНА
АРМИЈА И
ДЕКА ТОА НЕ Е
МОЖНО (ОВОЈ
историски
факт е
потврден од
мојот дедо
Пане Тодорoв (бог
да го прости)
кој бил учecник
во формирањето на во 4 Mакедонска
ударна
бригада, на Лисец - Плачковица, бил на Сремски фронт, тие сакале на Солун ѓи откарале на Срем.
Треба да напоменеме дека во секој одред и единица имало советски офицер, русите го знаат точниот број и имиња на борците, офицерите, политичките комесари.
Првиот државен грб на Македонија после долги векови ропство
Грб на Народна Републка Македонија од 27 јули 1946.
Грбот е со пејзажна композиција.
На него е прикажано сонце, пред коешто е планината Пирин. Во подножјето тече реката Вардар и се влива во Егејското Море. Грбот е обиколен од житно класје, тутун и афион, а на дното е традиционален македонски вез на којшто е испишано Н.Р. Македонија. На врвот од грбот е поставена црвена петокрака
Првиот државен грб на Македонија е промовиран на Второто заседание на Народното собрание на Народна Република Македонија, одржано на 27 јули 1946 година. Тогаш е донесен Законот за грбот на НРМ и во неговиот прв член е дефинирано:
„ Грбот на Народна Република Македонија претставува поле опкружено со житно класје, испреплетено со плодови афиони со тутуново лисје, кои се народни мотиви. На лентата е испишано НР Македонија, меѓу врвовите на класјето има петокрака ѕвезда. Среде полето се оцртува планина во чие подножје тече река. Зад планината изгрева сонце “.
Bо работата на македонскиот парламент тогаш во разни својства учествувале:
Методија Андонов - Ченто,
Панко Брашнаров,
Павел Шатев,
Димитар Влахов и
Богојe Фотев, кој бил претседател на Президиумот на Народното собрание.
Весникот „Нова Македонија“, два дена подоцна, го објавува овој закон заедно со цртеж на грбот и официјалното собраниско толкување на амблемот на грбот.
Во текстот пишува:
„ Грбот на Народна Република Македонија е симбол на слободата и братството на македонскиот народ и богатството на македонската земја. Житните класје, плодовите на афионот и листовите тутун ги претставуваат богатството на Македонија и разновидноста на нејзината економија.
Петокраката ѕвезда ја симболизира народноослободителната војна со која македонскиот народ ја доби слободата.
Народниот мотив на лентата ги изразува богатството и убавината на народниот бит. Во средината на полето се наоѓа планината Пирин, најголемата македонска планина, која била центар на народноослободителните војни во минатото, а реката што тече е реката Вардар, најпознатата македонска река во републиката.
Пирин и Вардар истовремено ги претставуваат единството на сите делови на Македонија и идеалот на нашиот народ за национално обединување.
Сонцето го претставува слободниот и творечки живот во Македонија ''.
За да Лазар Колишевски стане главен на КПМ и ѓи отстрани своите ривали, морал да има сојузници кој ѓи нашол во некои србски комунисти евентуално и Тито, кои нашле сојузник во Лазар К. за да се сопре обединувачката еуфорија кај македонците, која била нај силна во тоа време од 1944 - 1950, кај македонскиот народ. Таа политичка амбиција Лазар К. морал да ја плати на сметка за некои територијални отстапувања во корист на НР Србија за сметка на НР Македонија. Така пропаѓа последната прилика Македонија да се обедини.
За да згасне македонскиот ''обединувачки пламен'', рељефот од тогашниот Македонски ГРБ, Планината Пирин бил заменет со Шар Планина или Кораб, а комплетно е исфрлена лентата на која стои натписот ''НР Македонија''.... значи повторно сеење на семето на повеќе вековното негирање на името на Македонија и македонскиот идентитет. Hа македонските борци во Егејскиот Дел на Македонија и била уќината секоја воена помош и контакт со своите соборци од НР Македонија.... со затворање на границата,... Методија Андонов - Ченто бил неправедно осуден и затворен,.. наводно дека бил грчки шпион, Панко Брашнаров на педесет годишна возраст бил осуден и пратен на Голи Оток,. по интелиѓентните македонски комунисти биле пратени во служба во Белград ,.. што подаалеку од Македонија и и било забрането да се враќаат во Македонија и да делуваат во Македонија,.. таков е и случајот со индиот прецедател на Р. Македонија Киро Глигоров (евидентно е дека е и тој замешан во многу кеиминални дела), многу ефикасен начин измислен од Тито... и ред други работи....
Бугарија тогаш била под водство на Ѓорѓи Димитров, кој бил Македонец и бил за обединување на Пиринскиот дел кон останатите делови на Македонија,..евентуално бил и за некоја Балканска федерација ,.. федерација на која Тито се спростиставил, бидејки Сталин бил лидер на сите комунисти во светот,,.. тоа значело дека Тито ќе би бил ставен во позадина на просторите на екс републиките oд СФРЈ.... а Тито сакаше да биде прв насекаде во поранешната СФРЈ.
Сепак помошта не можела целукупно да биде укината, на просторите на тогашна НР Македонија, биле формирани воени болници каде биеле негувани македонските ранетите борци од Егејска Македонија.
Првиот државен грб на Македонија, cо години по неговото донесување во 1946 година сѐ уште е обвиен со хералдичка магла од ''учениците'' на Лазар Kолишевски и Тито.
Постојат дилеми за тоа кој е неговиот автор. Не се знае ниту како една година по неговата употреба прекуноќ е воспоставено ново решение, кое драстично отстапува од оригиналното. Планината Пирин, аплицирана во централниот дел на грбот, прекуноќ станува Шар Планина или Кораб, а комплетно е исфрлена лентата на која стои натписот НР Македонија.
Чудото да биде поголемо, со првата варијанта на грбот е оверен првиот Устав на тогашна Македонија, а на восочниот печат со кој е оверен највисокиот државен акт стои втората варијанта на '' грбот''.
Тајно изменетииот државн Македонскои грб
Има сознанија дека Македонија од 1944 година до 1946 година делувала неофицијално како целина со трите дела.
Манастирот Прохор Пчински
Манастирот Прохор Пчински треба да биде духовен, историски и културен центар и темелник на заедничкиот живот на двата православни народи Македонскиот и Српскиот и на двете самостојни православни цркви Македонската и Српската црква. Тука не треба да постои гранична меѓа на раздвојување на двете држави на Република Македонија и на Србија и Црна Гора, туку напротив слободен премин на добрососедски пријателски народи и нормална државна и црковна комуникација.
Историската документација, научните публикации, картографијата потврдува дека манастирот Свети Прохор Пчински изграден е во 11 век, а додека обновуван е во 14 век. За статусот на манастирот и имотот со кој располагал ќе се навратиме на минатиот 20 век и сегашноста.
Врз основа на Букерешкиот мировен договор од 10 август 1913 година била санкционирана поделбата на Македонија помеѓу кралствата на Грција, Србија и на Бугарија. Вардарска Македонија нарекувана јужна Србија во периодот 1922- 1927 година се уредува да биде под поголемо влијание на кралска Југославија односно на кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Вардарска Македонија била поделена на три области: Скопска, Битолска и Бегалничка. Во Скопската област влегувале 11 околии, меѓу нив: Качаничката (Качаник), Кривопаланечката (Крива Паланка), Прешевската ( Прешево) и Жеглиговската ( Куманово).
Во окопираниот дел на Вардарска Македонија, тогаш наречена јужна Србија, кралските воени геодети ја делат македонската земја по катастерки операти, како и селото Пелинце - Кумановско и селото Старац, во чии атар по мерењето на воените геодети се наоѓа манастирот свети Отец Прохор Пчински со дел од манастирскиот имот. Селото Старац припаѓа на Прешевската околија.
Манастирскиот имот се протега и во селата Спанчевац, Клиновец, Кленика и сите тие спаѓаат во прешевска околија, Тибужде се наоѓа во Врњска околија, селата Коинце и Пузаљка - Кумановско. Од недвижностите манастирот во имотот има една двокатна зграда во Бујановац. Во Кленика се наоѓаат два дуќана со по две одделенија, два дуќања со по едно оддление, една магаза со едно одделение, една станбена зграда со одделение и визба се наоѓаат во истото место.
Манастирот од недвижен имот имал една куќа во Куманово на улица Х. Димчевски и четири приземни куќи во Скопје.
Постои тапија за манастирскиот имот кој е заведен на 17.08.1923 година во тогашниот суд на Општината на Градот Скопје, на крлаството на Србите, Хрватите и Словенците. Каде што во оваа тапија точно се утврдува местоположбата на четирите згради и останатиот придружен имот односно земја.
Како што е познато на 2 август 1944 година во свечената сала на манастирот Свети отец Прохор Пчински се одржа заседанието на АСНОМ со кое македонскиот народ ја возобнови својата Македонска држава.
Во мемоарскиот запис на претседателот на Президиумот Методија Андонов Ченто, покрај другото, ќе забележи:
,.....Во исто време, многу доселеници, колонисти и чиновници, кои беа дојдени во Македонија меѓу двете светски војни, а за време на војната се вратија во Србија почнаа да идат во Македонија. Тогаш помислив, ако неможат да дојдат оние кои што се родија овде, не треба да се вратат ни оние, кои ги насели бившиот Југословенски режим. Затоа на истата седница на Президиумот го постави прашањето дали во Македонија можат да се враќаат србите доселеници и чиновници, кога не смејат да се вратат македонците, кои емигрирале од теророт од кралството на Југославија.
Президиумот го прифати предлогот да не им се позволи слободно да влегуваат на македонска територија. Така се случи да тие повратници беа задржувани во Ристовац, на границата меѓу Македонија и Србија. Веста за тоа стигнала во Белград, каде што почнало да се манипулира дека во Македонија владее антисрпско расположение. За тоа и за други важни работи ми пиша Мане Чучков кој беше испратен во националниот комитет за ослободување на Југославија, како претставник од Македонија,....
Од цитираниот фрагмент на мемоарскиот запис, а кој се однесува за крајот од 1944 година несомнено се потврдуваат две работи. Првата работа е дека границата помеѓу Македонија и Србија била кај градот Ристовац. Втората работа е тоа дека настанал сериозен и непремослив судир помеѓу Ченто и секретарот на комунистичката партија Лазар Колишевски. Освен за ова за грев му се земало на Ченто што го поставил прашањето за обединување на Македонија. Ченто поради таквото однесување и барање ќе биде осуден на 11 години робја во монтиран судски процес во 1946 година.
Сеќавањата на нашиот прв претседател Ченто се објавени во мемоарската книга ,,Мојот татко - Методија Андонов Ченто,, која излезе во печат 1999 година. Во тие времиња Лазар Колишевски беше секретар на ЦК на КПМ во период од март 1943 до јули 1963 година.Покрај партиска едновремено Колишевски има неограничена државна моќ како претседател на македонската Влада од 16 април 1945 година до 19 декември 1953 година.
Во 1945 година Президиумот донесува Закон за територијална поделба на Македонија на окрузи, а Владата таа проблематика ја регулира со Уредба за определување на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околиите и месните народни одбори. Со донесување на овој подзаконски акт на тогашната влада се испуштени териториите односно околиите: Качаничката, Прешевската, Бујановачката, Трговишката односно дел од Козјачката околија.
Месец февруари 1946 година владата на Србија донесува одлука со која манстирот Свети Прохор Пчински бил предмет за утврдување на објект за аграрна реформа со неговиот имот селото Старац - Прешевска околија.
Генералниот секретар Митар Бакиќ се обраќа со писмо К.бр.1181 од 15 мај 1946 година до македонската влада во врска со територијалното разграничување на народните републики во врска со измена на заедничките административни граници.
Помошникот на генералниот секретар Киро Глигоров испраќа уште едно ургентно писмо на 6 август до македноската влада во врска со проблемот за корегирање на административните граници помеѓу НР Македонија и НР Србија. По повод ваквата расписка меѓу федералната влада и македонската влада, претседателот на народнио одбор во Скопје Пешев се обраќа со писмо од 27 декември 1946 година до македонската влада, во кое покрај другото споменува:
- Во врска со Козјачката околија, таму нестанува збор за припојување или за издвојување на некои села. Прашањето е само за манастирот Прохор Пчински, кој како географска така и од општопознатите историски причини би требало да потпадне под НР Македонија.
- Манастирот Прохор Пчински ( само како манастир ) да се одвои од НРС ( Прешевска околија ) и да се присоедини кон НРМ (Козјачка околија).
- Манастирот Прохор Пчински, односно поголемиот дел од неговиот имот (шума, ораници) се наоѓа на територијата на НРМ, додека манастирот со мал дел од имотот се наоѓа на територијата на НРС. Бидејќи во тие краеви не станува збор за префрлување на некои села, предлагаме манастирот порадиопштопознатите историски причини ( од важност за НРМ ) да се приклучи кон НРМ.
Во интервју од 7 септември 2005 година во дневниот весник ,, Дневник,, поранешниот претседател Киро Глигоров посведочува, ќе го каже следното:
,, Историски гледано тој е наш манастир и околу тоа не би требало да има некој спор. За тоа и првото заседание на АСНОМ беше одржано таму. Кога се постави прашањето каде да се одржи заседанието, Михајло Апостолски предложи да биде таму бидејќи тоа е наш манастир кој може многу лесно да се брани.
Во повоените документи и карти нема дилеми дека манастирот беше на наша територија. Сега се поставува прашањето како се случило да биде отстапен, како наеднаш се случи да се најде во друга република.
За тоа треба да се приберат податоци и да се искаже науката.
Кога бев повереник за финансии во Президиумот на Македонија повеќе пати сум одел во Бујановац за наплата на даноци. Ми се случило претседателот на градот да одбие да се уплатуваат даноци во Македонија. Ми кажа: Ние чекаме да дојди нашата држава вие не сте нашата држава.
Кога бев претседател наредив да се пребараат архивите на претседателството околу тој случај но не се најде ништо. Се бараше и во архивите на Собранието на РМ, во Владата, бидејќи за такво отстапување мораше да има некаква одлука. Но , немаше ништо.
Се поставува прашањето кој можеше да го направи тоа, не тврдам, но мислам дека тоа можеле да го направат само тогашните неприкосновени партиски раководители на Србија и на Македонија Благоја Нешковиќ и Лазар Колишевски во нивен договор. Претпоставувам дека таков договор направиле во име на тогашното братство и единство,,.
Поконкретно решавање на статусот на манастирот ќе биде особен интерес во времето на премиерот Љубчо Георгивски на владата, претседателот на државата Борис Трајковски и претседателот на парламентот Стојан Андов во 2001 -та година, кога повторно се постави прашањето за протегање и опис на државната граница помеѓу Репулика Македонија и СР Југославија односно државата Србија и Црна Гора.
Договорот за протегање на границита помеѓу двете држави потпишан од претседателот Борис Трајковки и претседателот Војислав Коштуница на 23 февруари 2001 година во Скопје. Тој се заснова на повеќе меѓународни принципи, стандарди и Повелбата на ОН .
Иако одредбите на договорот имаат иста правна важност, во оваа прилика ќе се цитираат следниве членови:
- Договорните страни спогодбено ќе ги регулираат односите во врска со одржувањето, обновувањето и обележувањето на граничната линија и граничните белези, спречувањето и решавањето на граничните инциденти и регулирањето на малограничниот сообраќај на лица, како и за непреченото користење на недвижниот имот кој останува од другата страна на граничната линија, од страна на носителите на стварни права врз него - (6).
- Договорните страни во врска со културно - историските споменици и спомен обележја на територијата на двете држави - манастирот Св. Прохор Пчињски, српските војнички гробишта и др., ќе склучат посебен меѓудржавен договор во кој ќе бидат утврдени модалитетите на нивното обновување, одржување и непречен пристап на граѓаните на двете земји - (7).
Кон Договорот придружен Текстуален опис на протегање на државната граница. Во тој дел од границата следи наведениот опис:
,,Од к. 522, граничната линија продолжува во општ правец кон исток спротиводно по безимениот поток , до место во потокот, на оклу 470 м југозападно од к.705, каде го менува општиот правец кон југоисток, го сече колскиот пат на гребенот Габреница , на оклу 530 м југозападно од к 705 , до место на колскиот пат Пелинце- Горњи Старац, на околу 100 м југозападно од ТТ к.693, во должина од околу 1500 м.
Од место на колскиот пат Пелинце - Горњи Старац, на околу 100 м југозападно од ТТ к.693, граничната линија се протега во општ правец кон југоисток, по колскиот пат во должина од околу 160 м , каде продолжува по водосливницата, по безимениот поток, преку утоката на безимениот поток во потокот Длибоки дол, на околу 620 м источно од к. 592, продолжува по течението на потокот Длибоки дол од утоката на потокот Длибоки дол во река Пчиња, во должина од околу 2000 м.
Од утоката на потокот Длибоки Дол во река Пчиња, граничната линија продолжува во општ правец кон североисток, по течението на река Пчиња од утоката на безимениот поток во река Пчиња, на околу 320 м југоисточно од ТТ к. 516, каде го менува општиот правец кон југоисток по безимениот поток , преку утоките на безимениот потоци, на околу 300 м североисточно од к. 586 до утоката на безимените потоци на околу 530 м југозападно од ТТ к. 637, продолжува по јужниот безимен поток и по водосливницата, до седло, на околу 410 м североистожно од ТТ к. 887(Големи уши), каде го менува општиот правец кон североисток по гребенот на Градиште, преку к. 984, ТТ к. 1211 (Китка), к. 1196 (Средњи камен), до ТТ к. 1285(Вирови) по одлжината на околу 7200 м.
Во Македонското Собрание со Закон се ратификува овој билатерален Договор на седницата одржана на 1 март 2001 година,,.
Василеон Александрој Македонон и го подари светот на македонците, а тие како му возвратија,.. го отруја, фамилијата му ја уништија,... а денес наместо Македонон (Македонски) го нарекуваат ''велики''
или ''the great'', додека државата на латиница му ја нарекуваат ''Мacedonia'' - Мацедониа, итн,.. а да ќе заборавев,... дозволуваат некој друг да и бира име.
Ќе се најде ли некој да ги ''подисправи'' работите?
|
На ден 05 - 03 - 2009, е конструирана страницата на Македонија е СЕ: http://www.makedonijaese.com/. Тој ден и се смета за роденден на организацијата Македонија е СЕ.
На ден 02 - 16 - 2016, е конструирана peзepвнaтa страница на Македонија е СЕ: http://www.makedoniaese.com/
страница која е по погодна за посета со мобилни апарати кои имаат инсталирано андроид софтвер.
Уште на самиот почеток интернет страницата на Македонија е СЕ, бидејќи зборува за Вистинската Историја на Македонија со историски факти, но и актуеллни политички настани, СТАНУВА ТРН во очите на сите непријатели на Македонската Држава, ма и трн во очите на некои политички организации во Р. Македонија.
Страницата на Македонија е СЕ, е конструирана како резултат за потребите на Македонскиот Народ и друѓите да се запознаат со Вистинската Македонска Историја, политика и болното Македонско прашање.
Страницата на Македонија е СЕ е конструирана за да помогне за зачувување на македонскиот идентитет, земја, култура, јазик, право за слободен говор, мисла, движење, соживот cо другите национални малцинства во Македонија, слободно искажување и потик на искажување МА и негување на националниот идентитет како во Македонија така и во светот.
|
ГАСНУВА
- АЛЕКСАНДАР
МАКЕДОНСКИ
Наскоро, ПОСЛЕ ПОВЕЌЕ ОД 2200 ГОДИНИ ЌЕ ИМАТЕ МОЖНОСТ ДА ГО ИМАТЕ МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ НА ФИЛИП МАКЕДОНСКИ, СО ПРАВИЛЕН ОБЛИК И ЛИК, ЦЕЛОСНО ИЗРАБОТЕНО ОД УМЕТНИЦИТЕ НА МАКЕДОНИЈА Е СЕ
|
BACИЛEOH
КОНТАКТИРАЈТЕ СО МАКЕДОНИЈА Е СЕ
За сите инфомации, контакт е-маил: info@makedonijaese.com
Македонија
е СЕ, се
залага за
нова химна: ''
Земјa Mакедонскa''
НИЕ СЕ
ДЕФИНИРАМЕ
КАКО
ЉУБИТЕЛИ НА
СЛОБОДАТА
ЗА НАС
МАКЕДОНИЈА Е
СЛОБОДАТА
АКО ИМА
МАКЕДОНИЈА
ЗА НАС
ИМА И СЛОБОДА
Копираит © Македонија е СЕ ☼ MAKEDONIAeSE.com ☼ Сите Права Задржани
Македонија е СЕ ☼ Партија на Народот на Слободата ☼ МС ПНС
Историја на Македонија
МАКЕДОН ИЈА
ΜΑΚΕΔΟΝΙΑ
MAKEDONIA
BACИЛEOH
МАКЕДОНОН
АЛEКCAHДРОЈ
Македонско Име вечно нема да загине.
Глава даваме, Македонија и Mакедонско име не даваме.
Од Македонија и Алекcандрoj Македонон, славeн Василeoн Македон нема да се откажеме.
Cлава македонска ќе повратиме,
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон обожaваме,
Македонија, земја нај мила уважуваме.
Малку сме на број, ЕЈ, ХЕЈ,
силни сме во бој, ЕЈ, ХЕЈ.
ЕЈ, Алекcандрoj, OJ, OJ,
ЕЈ, Македонон, OH, OH.
Алекcандрoj Македонон славен Василeoн Македон, нас не предводи.
|
|
|